Свет

Врховниот суд на САД во понеделник пресуди дека стотици илјади венецуелски мигранти кои претходно беа заштитени од депортација можат да бидат отстранети од земјата, потврдувајќи го барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за прекин на привремената политика за нивна заштита.

Според извештаите на медиумите, одлуката влијае на околу 350.000 Венецуелци на кои им беше дозволено да останат во Соединетите Држави според политиката воведена од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден.

Ние добија заштита поради политичката и економската нестабилност во Венецуела под водство на претседателот Николас Мадуро.

Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем објави во февруари дека заштитата за одредена група венецуелски мигранти ќе заврши на почетокот на април.

Федерален судија во Сан Франциско го блокираше потегот, што ја поттикна администрацијата на Трамп да поднесе жалба до Врховниот суд.

На почеток