(Вознемирувачка содржина) „Најтешко закрепнуваат изгорениците на грбот“, велат од „Support Kocani“ кои споделија фотографии


Иницијативата „Support Kocani“, објави нови фотографии од повредени лица од пожарот во дискотеката „Пулс“. На нив се гледаат тешките изгореници, за кои треба долго време за да заздрават, како и постојана медицинска грижа.
„Изгорениците на грбот се едни од најтешките за закрепнување“, велат од Support Кочани.
Но од овој, има и потешки случаи. Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска, рече дека има тројца пациенти со отворени рани, а за некој од нив ќе треба и трансплатација на кожа.
„Пациентите беа во многу тешка состојба. Благодарни сме на сите земји кои ги прифатија и ги лекуваа тие пациенти. Но екстензивноста на повредите е голема, се работи за многу длабоки изгореници, со длабоки рани и кај нив ќе треба подолг третман и кај нив и рехабилитациониот период ќе биде малку подолг. равиме сè за да немаат поголеми лузни, плазма богата со тромбоцити, се даваат силиконски лепенки во Кочани кај сите пациенти, се даваат креми со заштитни фактори. Тим од Бугарија дојде во Кочани да направат индивидуални мерки за компресивни ракавици“, рече таа.
Од „Support Kocani“ и претходно објавија фотографии.

Screenshot
