View the subsequent content through the homepage link#usa #shortsvideo #newyork
vyiJXYRCAYI

Укинати спорните одредби од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независни кандидати на избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Уставниот суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори.

— реклама —

Законските одредби, за кои Уставниот суд поведе постапка, значеа дека независните кандидати и листи за да се најдат на гласачко ливче, треба да соберат потписи од еден отсто од вкупниот број гласачи запишани во конкретната изборна единица (ако станува збор за парламентарни избори) или општина (ако станува збор за локални избори).

Во предлог-рефератот судијата известител изрази сомнеж за новите измени од уставна гледна точка, односно дека со нив се повредени темелните вредности на Уставот, правната сигурност и предвидливост, начелото на владеењето на правото. Исто така постои сомнеж дека е нарушен политичкиот плурализам како темелна вредност на уставниот поредок уреден со членот 8 став 1 алинеја 5 од Уставот.

— реклама —

Ваквите измени беа изгласани на 7 март 2024 година и требаше да важат за локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryidb1llg6mfnm9hWkxQj

(Видео) Локални избори во три општини во Србија под сенка на насилство и тешки нерегуларности

Свет | пред 2 седмици

media-library2ctip5bldfkb33YrMx2

Србија денес гласа на локални избори во Неготин, Мионица и Сечањ

Свет | пред 2 седмици

media-libraryhlmf360hokok0g1FUeu

Република Српска го избира наследникот на Додик

Свет | пред 3 седмици

media-libraryhlmf360hokok0g1FUeu

Предизборен молк во Република Српска пред предвремените претседателски избори

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања