Мајка на жртва од Кочани до Мицкоски: Ве повикуваме да дојдете, да запалите свеќа и да бидете со народот


Се заострува јавната реакција по трагедијата во Кочани. Мајка на едно од починатите деца, Габриела Наунова, јавно му се обрати на премиерот, Христијан Мицкоски, со емотивна и остра порака објавена на Фејсбук. Таа го повика да дојде лично во Кочани, да запали свеќа на гробовите на загинатите и да се соочи лице в лице со болката на семејствата.
Време е да покажете одговорност и човечност. Дојдете лично во Кочани. Запалете свеќа на гробовите на нашите убиени ангели. Не беа болни – беа убиени. Немате изговор да не бидете тука, со народот, со семејствата, лице в лице со болката. Знаеме дека се видовте со дел од родителите, но другите не беа ни во психичка состојба да дојдат. Тоа не е оправдување за вашето физичко отсуство. Доста беше манипулации со нас. Ако имавте барем малку грам жал и човечност, како што го охрабрубвате сопствениот син да продолжи напред – знаете дека патот ќе му биде тежок на Машински факултет – така и мојата ќерка имаше сон. Таа следната година требаше да матурира и да се запише на Економски факултет во Словенија. Наместо денес да ја бодрам и подготвувам за животот, со мајчинско, скршено, но борвено срце ветувам: Правдата за нејзиното убиство ќе биде тешка, но мора да излезе на виделина. Од таа кобна ноќ добивме само молк, игри и празни зборови“, напиша Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица.
На крајот, мајката додаде: „Народот не е глуп, бараме вистина, правда и одговорност“.

Screenshot
