Промени тема
Контакт

Нов скандал на Тошковски, тендер од 4 милиони евра за фирми основани пред тендерот, вели Кузеска од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Актуелно
Kuzeska

„Системска корупција ја јаде земјата“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:

Се е бизнис интерес, на мала група луѓе околу центрите на моќ на ВМРО-ДПМНЕ.

На поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ полека им станува јасно. Нема ништо од гордоста, нема ништо од националните интереси, лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ бил само за лично богатење на поединци. Додека тие се удираат в гради нивните шефови се богатат.

Денеска објавуваме нов скандал во Министерството за внатрешни работи водено од Панче Тошковски. Нов сомнителен случај вреден речиси 4 милиони евра, кој ги носи сите обележја на скандалозните тендерски мрежи на ВМРО-ДПМНЕ.

Договори од милионски износи се доделени на фирми без никакви капацитети, без претходно релевантно искуство, па дури и без никаква историја на јавни набавки за вакви или за други слични потреби!

Некои од нив се отворени буквално 20 дена пред тендерот.

Фирмата „Ле Бранд Дизајн“ од Битола, модно студио со просечен годишен приход од едвај 20.000 евра и само двајца вработени, добива тендер од над 2 милиони евра за шиење специјални полициски униформи.

До вчера двајца вработени шиеја фустани, денес со двајца вработени треба да опремат специјални единици! Кој е овде наивен?

Фирмата „Памитекс Тим“ е регистрирана само 20 дена пред распишувањето на тендерот, без веб-страница, без историја на набавки, без транспарентност.

Ете ваква фирма добива тендер од 1.710.000 евра.

— реклама —

МВР ги отстранило сите критериуми што би овозможиле транспарентна и правична конкуренција – нема услов за претходно искуство, нема минимум приходи, нема проверка на реални капацитети.

Тендерот е шиење по мерка – ама не за полицијата, туку за партиските и бизнис интереси блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не е случајност. Ова е дел од тендерските шеми на ВМРО-ДПМНЕ и системската корупција која го јаде општеството.

Го прашуваме Тошковски:

• Кој навистина ќе ги шие униформите? Каде ќе завршат парите на граѓаните? Кој ќе одговара ако униформите не стигнат, не бидат со потребниот квалитет, или ако бидат неупотребливи за полициските специјалци? Кој ќе одговара?

— реклама —

СДСМ бара:

• Итна постапка од Јавното обвинителство за сомнежи за злоупотреба на службена положба, местење тендер и можно перење пари.

• Поништување на скандалозниот тендер.

• Отворање нова, транспарентна постапка со објективни критериуми

Ова е системска корупција која мора да биде истражена до крај.

— реклама —

Граѓаните не заслужуваат криминал, туку правда. Ова мора да биде последната капка. СДСМ ќе се бори до крај – за вистината, за одговорност и за казна за сите вмешани!

[pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/05/Le-brand_250524_130045.pdf" title="Le brand_250524_130045"]

[pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/05/Pamiteks_250524_130132.pdf"]

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi43p1htfliq52rpr22A

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар - вака Ѓорѓиевски го води Скопје!

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Арамијата Мицкоски ја зголеми дупката во ПИОМ на 1 милијарда евра, пензиите ги доведе во ризик

Македонија | пред 16 часа

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Одлуките на меѓународните судови мора да се почитуваат“, велат од СДСМ

Македонија | пред 17 часа

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„Мицкоски ќе ја „држи“ цената на струјата со заем- сметката повторно ќе ја плаќаат граѓаните“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања