Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 33 минути -

Македонија
media-libraryv28cv8n5jutgc2CSEW7

Опозицискиот СДСМ преку соопштение упати критики до премиерот Христијан Мицкоски по неговата изјава дека буџетот ќе претставува предизвик во следните две години, поради обврските за враќање долгови и камати, финансирање на буџетскиот дефицит и капиталните инвестиции.

— реклама —

Од партијата прашуваат како е можно буџетот да биде предизвик кога, според тврдењата на власта, Македонија е „трета економија во Европа“, а истовремено обвинуваат дека јавниот долг за две години е зголемен за 50 отсто и дека задолжувањата се случуваат речиси секоја недела.

— реклама —

СДСМ тврди дека капиталните инвестиции се недоволни, а средствата се трошат за, како што наведуваат, сомнителни тендери. Партијата ја критикува и економската состојба на граѓаните, посочувајќи на растот на трошоците за живот, цените на парното и најавеното поскапување на електричната енергија.

Во соопштението се споменуваат и состојбите во пензискиот систем, минималната плата и трошоците за живот, а СДСМ тврди дека граѓаните сè потешко ги покриваат основните потреби.

— реклама —

„Вистината е едноставна. Ја задолживте земјата повеќе за две години отколку сите претходни влади за 35 години. Пари има само за криминални тендери“, обвинуваат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата ја завршуваат реакцијата со пораката: „Држава, не банда“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryog4u1s1nc70v744IKMK

„Финансиската полиција потврди, НБМ не побарала проверки за Алта банка - зошто Обвинителството молчи?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library1u3btku4c5aeepCZgGu

Интерпелација за гувернерот Славески: СДСМ бара одговори за согласноста за „Алта банка“

Македонија | пред 3 дена

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурување“, вели СДСМ

Македонија | пред 4 дена

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: „Очи в очи“ - во Србија Вучиќ падна, но сè уште владее со Македонија

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања