Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Интерпелација за гувернерот Славески: СДСМ бара одговори за согласноста за „Алта банка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Македонија
media-library1u3btku4c5aeepCZgGu

Пратениците на СДСМ и коалицијата поднесоа интерпелација во Собранието за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во врска со случајот со влезот на „Алта банка“ од Белград во тогашната Стопанска банка – Битола.

— реклама —

Од СДСМ информираат дека со интерпелацијата бараат да се утврди политичка одговорност за постапувањето на Славески во процесот во кој Народната банка дала претходна согласност „Алта банка“ да стекне квалификувано учество во битолската банка.

— реклама —

Партијата бара одговори за проверките на инвеститорот, сопственичката структура и потеклото на капиталот, како и за процената на ризиците за депонентите. Од СДСМ бараат гувернерот да објасни и врз основа на кои критериуми била дадена согласност за именување на Давор Мацура во Надзорниот одбор на банката.

— реклама —

Дополнително, СДСМ бара Славески да одговори и за разговорите со премиерот Христијан Мицкоски во врска со влезот на „Алта банка“, како и за неговите консултации со претседателот на Владата.

— реклама —

Од партијата очекуваат Собранието да расправа по интерпелацијата и да утврди политичка одговорност, а Јавното обвинителство да постапи по кривичните пријави поднесени во врска со случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурување“, вели СДСМ

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: „Очи в очи“ - во Србија Вучиќ падна, но сè уште владее со Македонија

Македонија | пред 1 ден

media-library2cmec3vv0c32cZIPDqd

Серафимовска: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Македонија | пред 2 дена

Glavna-fotka-1

СДСМ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струја

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања