Свет

Трамп се согласи да го продолжи рокот за трговски разговори до 9 јули

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, телефонски разговорала со американскиот претседател Доналд Трамп околу неговата најава за воведување тарифи од 50 проценти на увозот од Европската унија, почнувајќи од 1 јуни.

За разговорот таа се огласи на платформата Икс каде го оцени разговорот со Трамп како добар, потенцирајќи дека ЕУ и САД имаат најзначајни и најтесни трговски односи во светот.

„Европа е подготвена за брзи и одлучни разговори“, додаде таа, истакнувајќи дека за постигнување на квалитетен договор ќе биде потребно време до 9 јули, крајниот рок претходно одреден од Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го продолжи рокот за трговски разговори со Европската унија до 9 јули, откако претседателката на Европската комисија изјави дека на блокот му е потребно повеќе време за да постигне добар договор.

На почеток