Трамп за Путин: Што, по ѓаволите, се случи со него, Путин е апсолутно луд


Американскиот претседател Доналд Трамп остро реагираше на најголемиот руски воздушен напад врз Украина, во кој вчера биле лансирани речиси 300 дронови и 69 проектили, а има и жртви и повредени.
„Што, по ѓаволите, се случи со него? Тој убива многу луѓе. Путин е апсолутно луд“, рече Трамп, додавајќи: „Го познавам Путин долго време, секогаш добро сме се сложувале, но тој гаѓа градови со ракети и убива луѓе и тоа не ми се допаѓа.
Секогаш сум велел дека Путин ја сака цела Украина, не само дел од неа и можеби тоа се покажува како точно, но ако го направи тоа, тоа ќе доведе до пропаст на Русија”, рече Трамп.
Трамп не ја отфрли можноста да ги засили санкциите кон Русија.
