Македонија

Азир Алиу ќе го земе столчето на Таравари во здравство

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу во Владата на Димитар Ковачевски, ќе биде предлог на ВРЕДИ за нов министер за здравство во Владата на Христијан Мицкоски.

Ваква е одлуката на партијатата ВРЕДИ која го наследи секторот здравство откако се разделија со Таравари.

Од ВРЕДИ информираа дека за овој предлог веќе е известен премиерот Христијан Мицкоски.

Азир Алиу е еден од членовите на Алијанса за Албанците кои одлучија да не го следат Арбен Таравари и да останат во ВРЕДИ. За него борбата против корупцијата и промените во општеството не се напуштаат на првата пречка.

Алиу претходно изјави дека излегувањето од Владата во овој момент и без јасен план може да доведе до рехабилитација на старите структури од ДУИ.

Како предлог од Алијанса за Албанците во 2023 година за нов министер во Министерството за информатичко општество и администрација дојде името на докторот по информатички науки, Азир Алиу. Тој е интернационален експерт во областа на информатичките технологии и образованието, со повеќе од 20 години работно искуство во приватниот и академскиот сектор.

Бил и универзитетски професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде предава на факултетот за Компјутерски науки и технологија.

На почеток