Договорот со Обединетото Кралство пред пратениците


Опозицијата и власта денеска ќе ги кршат копјата за решенијата во Договорот со Обединетото Кралство. Вчера попладне Договорот влезе во собраниска процедура, а денеска е на дневен ред на 52-та седница.
Предлогот на закон за ратификација на Договорот меѓу македонската и владата на Обединетото Кралство е за реализација на инфраструктурни проекти. Договорот во име на македонската Влада, минатата недела го потпиша вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Според Договорот, приоритетни проекти за почетен напредок се во четири области:здравство, транспорт, технологија и енергетика.
Во анексот А на договорот е посочени за кои проекти ќе се однесува ова партнерство за инфраструктура. Тоа е изградбата на брзата пруга од Табановце до Гевгелија и она што е ново е дека ќе има пруга и до аеродромот во Скопје.
Ќе се гради Клинички центар во Скопје, ќе има обнова на болниците во Штип и Кичево, болниците во Куманово, Битола, регионот Тетово-Гостивар и регионот Охрид-Струга.
Предмет на договорот е програма за развој на Коридорот 8, програма за развој на капацитетите за сајбер безбедност, како и развој на капацитетите за производство и пренос на електрична енергија.
Во договорот не се наведува како ќе бидат финансирани проектите.
Финансиската поддршката не смее да го надмине ограничувањето од 5 милијарди фунти.
