„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Апасиев со пратениците поднесоа кривична против Мицкоски: Поради политички договор за предметот за Кочани, Коцевски не е разрешен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев кажа дека поднеле кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи сметаат дека тој ја попречува правдата кога во прашање е случајот за пожарот во Кочани. Според нив, гледаат судир на интереси помеѓу републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски и Мицкоски, бидејќи иако започнала постапката за разрешување, таа е стопирана. Според Левица, за возврат, Коцевски не ги гони функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, за кои, тие сметаат дека имаат вина.

„Сите седуммина мораше да бидат опфатени во истрагата. Сметаме дека нудењето корист е прво овие вмровски функционери да не бидат опфатени, некои му биле советници на Панче Тошковски и имале шеми за испомпување на пари од МВР. Договорот е да му го продолжат мандатот, а овие да го заштитат од кривичен прогон. Обвинението е криво поставено“, рече Апасиев.

— реклама —

Тој замерува што никој не е обвинет за корупција. Посочува дека како доказ предложиле и распит на премиерот.

— реклама —

„Се надеваме дека ќе смогне Обвинителството сили да го викне на распит“, додаде тој.

— реклама —

Потоа, тој објасни дека го пријавиле премиерот и за оддавање на службена тајна.

„Имаме обезбедено писмени докази“, посочи Апасиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

market-pari

Левица: Велигденските цени се доказ дека народот во Македонија веќе не ни преживува

Македонија | пред 2 дена

media-library9qvfpdft75ue3cfwNnr

Одбиен предлогот за ограничување на учеството во странски војни

Македонија | пред 3 дена

media-librarycl3417ao2hi2eGHXPJQ

Интересот за брзи кредити е доказ дека во Македонија не може да се живее од плата, велат од Левица

Македонија | пред 4 дена

media-libraryqhvrki7lj18s8oHXBM6

Левица: Дали инкубаторите на ГАК престанале да работат поради прекин на струја?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања