Мицкоски повика на единство за европска резолуција за македонскиот идентитет


Премиерот Христијан Мицкоски ја повика опозицијата на заедничко делување за да се обезбеди поддршка во Европскиот парламент за резолуција со која се признава македонскиот идентитет и јазик.
„Македонскиот идентитет и јазик се факт. Секој што ги негира, е против европските вредности“, изјави Мицкоски, додавајќи дека секој европратеник што нема да гласа за резолуцијата е „анти-ЕУ“.
Изјавата следи по најавите дека Европскиот парламент наскоро ќе усвои извештај за напредокот на Македонија, каде во четири точки се признава македонскиот идентитет и јазик — првпат со таква формулација во европски документ.
Мицкоски ги повика СДСМ и ЛДП да лобираат кај сестринските партии, а најави и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе испрати делегација во Брисел. Расправата во ЕП е закажана за 4 јуни, а гласањето се очекува во јули.
