Трајко Славески избран за нов гувернер

Од
Објавено на

Неколку моменти пред полноќ, во Собранието на Македонија, Трајко Славески беше избран за челник на Народната банка. За Славески гласаа „за“ 68 пратеници, додека 16 беа против.
Од СДСМ и Левица денеска нагласија дека нема да гласаат во корист на Славески.
Инаку Славески е предлог на претседателката Сиљановска Давкова. Експертската јавност и дел од пратениците нагласија дека со овој избор се партизира една од најважните институции во државата.
Славески до овој момент е актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, иако согласно Законот за НБРМ гувернерот и вице-гувернерот не смеат да бидат членови на политичка партија.
