Промени тема
Контакт

СЛАВЕСКИ

slaveski1

(Видео) „СДСМ бара привремена забрана за вршење должности на Трајко Славески и останатите во НБРМ за Алта банка“, вели Димитријевиќ

СДСМ бара привремено отстранување од должност на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и на другите инволвирани во случајот со Алта банка, откако партијата поднесе кривична пријава против нив. Барањето, како што соопшти генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, има цел да спречи можно влијание врз сведоците и уништување на документацијата.Димитријевиќ на прес-конференција истакна дека СДСМ бара обвинителството да ја прибере целокупната документација за преземањето на Алта банк

Македонија | пред 1 ден

media-library1u3btku4c5aeepCZgGu

СДСМ со обвинувања за Мицкоски и Алта банка: Обвинителството мора да реагира

СДСМ упати повик до гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, да поднесе пријава против премиерот Христијан Мицкоски поради наводни притисоци поврзани со дозволата за работење на Алта банка.Од партијата тврдат дека Славески признал оти Мицкоски вршел притисок, а воедно го обвинуваат обвинителот Савески дека не постапува самостојно и дека работи под политички влијанија.Во реакцијата, СДСМ се повикува и на случувања поврзани со Алта банка во други земји, наведувајќи санкции и суспензии во Ев

Македонија | пред 5 дена

media-librarylesdi7ujs1sjcnVs9Lp

(Видео) „Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!“ вели Кузеска

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција обвини дека премиерот Христијан Мицкоски директно одлучувал за влезот на Алта банка на македонскиот пазар, повикувајќи се на изјава на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.Кузеска оцени дека изјавата на Славески претставува потврда на тврдењата што СДСМ ги изнесува во изминатите 11 месеци. Според неа, одлуката била донесена со образложение дека, како стратешка гранка, банкарството барало исполнува

Македонија | пред 6 дена

media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Шест инвеститори заинтересирани за Алта банка, Славески разговарал со домашни банки

Продажбата на Алта банка е најреалното сценарио и најдобрата опција за заштита на средствата и имотот на граѓаните, оцени гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, откривајќи дека за купување на банката досега интерес покажале шест инвеститори, меѓу кои и две домашни банки.Славески посочи дека Алта банка продолжува да работи, дека привремената администрација е мерка што се применува до промена на сопственоста и дека состојбата во банката е добра. Според него, банката е ликвидна и високо ка

Македонија | пред 1 седмица

media-library6t5fhc729b0n9vjGUcZ

Министерката за финансии негира дека Славески ја консултирал за влезот на „Алта банка“ во Македонија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска тврди дека Министерството за финансии не било информирано за преговорите за влез на „Алта банка“ на македонскиот пазар, ниту за заинтересираните институции за преземање на Стопанска банка Битола.Таа ги отфрли тврдењата дека била меѓу лицата со кои гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се консултирал за ова прашање. Славески неодамна изјави дека, иако Народната банка е независна институција, сепак разговарал и со Владата.Кочоска, пак,

Македонија | пред 1 седмица

media-library4ej5g05e0o6q6bvmDEQ

(Видео) Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банка, вели Димитријевиќ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, го обвини гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, дека наместо да преземе одговорност за случајот со „Алта банка“, носи одлуки со кои, според него, се прикриваат пропустите во работењето на институцијата.На прес-конференција, Димитријевиќ посочи дека привремениот администратор на банката, Илија Андоновски, претходно бил вклучен во процесот на одобрување на нејзиното влегување на македонскиот пазар. Како што наведе, Андоновски ги

Македонија | пред 1 седмица

media-library4ej5g05e0o6q6bvmDEQ

„Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите“, тврди Славески

Вкупно 180.000 евра се префрлени од АЛТА банка АД Битола кон Србија по 26 октомври, додека приливите од Србија во истиот период изнесуваат околу 16.000 евра. Според гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, станува збор за редовни плаќања на клиентите, а не за милионски трансфери или сомнителни одливи.Во гостувањето во емисијата „Топ тема“, Славески посочи дека Народната банка ги проверила трансакциите и утврдила дека тие се поврзани со редовното работење на клиентите, меѓу кои и мали дома

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryo3n4tvhnl84a59mqDaS

(Видео) Славески ги обвини медиумите за пропаста на Алта банка: „Со шпекулациите создадоа недоверба“

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ги посочи медиумските шпекулации како причина за создавање недоверба во Алта банка во Србија, тврдејќи дека медиумите придонеле за нејзиното уривање. Во разговор со водителката Наташа Стојановска во Топ тема, тој го оспори и известувањето на британскиот „Фајненшл тајмс“, кој објави детали за финансиските проблеми на банката, сомнежите за перење пари и повлекувањето големи суми од нејзините сметки.„’Фајненшл тајмс’ може сѐ да напише, тоа се дневни в

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

Филипче ја нападна одлуката на Славески за Алта банка: „Криминална одлука на криминална власт“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше одлуката на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, за воведување привремена администрација во Алта банка, оценувајќи дека со неа се ставаат во нерамноправна положба граѓаните и фирмите.Во објава на социјалната мрежа Х, Филипче реагираше на ограничувањето според кое граѓаните можат да повлекуваат најмногу 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема такво ограничување.Тој обвини дека средствата на граѓаните остануваат недостапни, доде

Македонија | пред 1 седмица

media-library5ksjfc64o5pm0Qf0ri0

Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада: финансиски писмени млади се важен предуслов за стабилна и просперитетна економија

Македонските средношколци се вратија со бронзен медал од 9. Меѓународна економска олимпијада, која се одржа во Шенжен, а нивниот успех беше повод за средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.Славески истакна дека вложувањето во знаењето и вештините на младите е вложување во идниот развој на државата. Тој посочи дека финансиската едукација и инклузија на младите се меѓу важните заложби на Народната банка.„Добро информираните и финансиски писмени млади се важен предуслов за стабилна

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd7tnf5l355np9w9Mrt3

Гувернерот Славески до студентите практиканти: „Вие сте дел од иднината на централното банкарство“

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ги пречека студентите кои започнуваат со практична работа во институцијата, посакувајќи им успешен почеток и можност да стекнат нови знаења и практични искуства.Средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во година кога институцијата одбележува 80 години централно банкарство – јубилеј што, како што беше истакнато, го симболизира долгогодишниот придонес во одржувањето на макроекономската стабилност и довербата во националната валута.„Вие сте де

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryfkoa78ju2re12Yx8R0I

Гувернерот Славески со порака по смртта на Алан Гринспен, кој почина на 100-годишна возраст

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, преку објава на социјалните мрежи се прости од поранешниот претседател на американските Федерални резерви, Алан Гринспен, кој почина на 100-годишна возраст.Славески ја објави пораката „RIP Alan Greenspan“ („Почивај во мир, Алан Гринспен“), споделувајќи и два познати цитати поврзани со долгогодишниот прв човек на Федералните резерви на САД.Во објавата е цитиран и поранешниот републикански претседателски кандидат Џон Мекејн, кој во 1999 година изјави

Македонија | пред 4 месеци

slaveski1

Славески од Варна: Ценовната стабилност останува врвен приоритет во време на глобална неизвесност

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, учествува на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, кој годинава се одржува во Варна под мотото „Претворање на неизвесноста во долгорочна можност“.На состанокот, во кој учествуваат претставници од земјите членки на Конституенцата, акцентот е ставен на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност во услови на глобална неизвесност, дигиталната трансформација, продуктивноста и финансиската

Македонија | пред 4 месеци

slaveski1

Славески: Инфлацијата им нанесува поголема штета на граѓаните отколку високите каматни стапки

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, преку објава на социјалната мрежа Икс оцени дека инфлацијата претставува далеку поголем товар за граѓаните отколку повисоките каматни стапки, особено за домаќинствата со пониски приходи и за средната класа.Во својата објава посветена на односот меѓу каматните стапки и инфлацијата, Славески посочи дека ниските каматни стапки често се доживуваат како популарна економска мерка, но предупреди дека токму тие можат да придонесат за раст на цените, што на

Македонија | пред 4 месеци

media-library94hdlk6ggfl55g778Jx

Инфлацијата е под контрола, резервите се повисоки: Славески со порака од Кина

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, од Шангај порача дека зачувувањето на ценовната стабилност останува најважниот предуслов за одржлив економски раст, особено во време на засилена глобална неизвесност и геополитички турбуленции.Славески учествуваше на панел-дискусијата „Трасирање на идниот развој“, во рамките на меѓународниот симпозиум „Навигација низ светската финансиска неизвесност – развој на финансиските пазари, инвестициските стратегии и меѓународниот монетарен систем“, организ

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryo0pd2t9693l040CNJIG

Славески од Приштина: „Финансиската стабилност мора да остане приоритет во дигиталната ера“

Дигитализацијата на финансискиот систем отвора нови можности за развој на финансиските услуги, но истовремено наметнува и потреба од внимателно управување со ризиците и зачувување на финансиската стабилност, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на регионалниот семинар „Криптосредства и дигитални пари“ што се одржа во Приштина.На настанот, организиран од Централна банка на Косово, учествуваа гувернери, регулатори и финансиски експерти од регионот, кои дискутираа за предизвиците

Македонија | пред 5 месеци

slaveski1

„Граѓаните да добијат поевтини платежни услуги“, порача Славески

По најавите за зголемување на банкарските провизии и реакциите што следуваа во јавноста, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Трајко Славески, смета дека е време да се отвори поширока дебата за можни законски решенија кои би овозможиле подобра заштита на корисниците на платежните услуги.Во објава на социјалната мрежа Икс, Славески посочи дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат и граѓаните и компаниите, поради што прашањето за висината на банкарските провизии з

Македонија | пред 5 месеци

media-library09djk609bi6l5zI0nyE

Гувернерот Славески доби кривична пријава за несовесно работење

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција соопшти дека партијата поднела кривична пријава против гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, поради основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.„Денеска поднесуваме нова кривична пријава против Трајко Славески, гувернер на Народната банка, за основано сомнение за сторено кривично дело – несовесно работење во службата, по член 353-в од Кривичниот законик. Постои основано сомн

Македонија | пред 7 месеци

denari

Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

„Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите“, истакна гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија.„По краткотрајни реакции карактеристични за секоја неизвесност, состојбата брзо се стабилизира. Нема намалување на депозитите, напротив, тие бележат раст, што е јасен показател за довербата на граѓаните во банкарскиот систем“, посочи гувернерот.Банкарскиот систем и натаму е стабил

Македонија | пред 7 месеци

media-librarybb5dgfs8v84k0h5y1LR

Гувернерот Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги – финансиската едукација мора да биде дел од образованието

„Младите денес сѐ порано стануваат корисници на финансиски услуги, поради што финансиската едукација треба да биде системски интегрирана во образовниот процес“, истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на настан посветен на финансиската едукација во образованието, организиран по повод 15 март – Меѓународниот ден за правата на потрошувачите, од страна на Бирото за развој на образованието.Според податоците на ОЕЦД, повеќе од две третини од 15-годишниците веќе користат финансиски

Македонија | пред 7 месеци

media-library2ifusclsdgrd7rOLJfI

(Видео) Македонскиот бoрец неприкосновен: седми триумф на Славески во БКФЦ, технички нокаут за 94 секунди

Македонскиот борец Горјан Гого Славески стигна до својот седми триумф во БКФЦ (бокс со голи раце), откако го совлада Џа Фар Форт со технички нокаут уште во првата рунда. Борбата траеше само една минута и 34 секунди, а Славески уште еднаш ја потврди репутацијата на еден од најдоминантните борци во организацијата.Славески ја отвори борбата агресивно, преземајќи иницијатива од самиот старт. Интензитетот на ударите го натера судијата дури четири пати да ја прекине рундата, пред конечно да процени де

Настани | пред 11 месец

nbrm

Гувернерот Славески со конкретни предлози за намалување на надоместоците за платежни услуги

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки во Македонската банкарска асоцијација ги претстави предлозите за намалување на провизиите коишто ги плаќаат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги. Целта на иницијативата е провизиите да се постават на ниво кое ќе биде одржливо за банките, но истовремено да бидат фер и прифатливи за корисниците. Народната банка е подготвена да го направи првиот

Македонија | пред 1 година

trajko-slavevski-pretres-1

Трајко Славески избран за нов гувернер

Неколку моменти пред полноќ, во Собранието на Македонија, Трајко Славески беше избран за челник на Народната банка. За Славески гласаа „за“ 68 пратеници, додека 16 беа против.Од СДСМ и Левица денеска нагласија дека нема да гласаат во корист на Славески.Инаку Славески е предлог на претседателката Сиљановска Давкова. Експертската јавност и дел од пратениците нагласија дека со овој избор се партизира една од најважните институции во државата.Славески до овој момент е актуелен член на Извршниот коми

Македонија | пред 1 година

slaveski1

На Славески му требаат 61 глас за да седне во гувернерската фотелја

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го предложи Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка и ја префрли топката во Законодавниот дом.За избор на гувернер потребни се 61 позитивен пратенички глас.Гувернерот кој има седум годишен мандат има право на реизбор. Но, од претседателката Анита Ангеловска-Бежоска не доби шанса за повторен избор.Ниту екс министерот за финансии Зоран Ставревски не го мина филтерот кај претседателката иако таа ги исфали сите тројца претенденти.

Македонија | пред 1 година

SLAVESKI0

Претседателката Сиљановска-Давкова го достави предлогот за гувернер на Народната банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.„При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, велат од Кабинетот на Сиљановска.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања