Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Министерката за финансии негира дека Славески ја консултирал за влезот на „Алта банка“ во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 39 минути -

Македонија
media-library6t5fhc729b0n9vjGUcZ

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска тврди дека Министерството за финансии не било информирано за преговорите за влез на „Алта банка“ на македонскиот пазар, ниту за заинтересираните институции за преземање на Стопанска банка Битола.

— реклама —

Таа ги отфрли тврдењата дека била меѓу лицата со кои гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се консултирал за ова прашање. Славески неодамна изјави дека, иако Народната банка е независна институција, сепак разговарал и со Владата.

— реклама —

Кочоска, пак, вели дека Министерството немало никаква комуникација со гувернерот во врска со влезот на банката и дека не знаеле ниту за преговорите ниту за други заинтересирани купувачи.

— реклама —

Таа посочи дека и за актуелните случувања со „Алта банка Битола“ главно се информира преку медиумите. Сепак, не очекува случајот да ја наруши стабилноста на банкарскиот систем, бидејќи банката има мал удел во вкупниот сектор. Според неа, штедачите треба да бидат спокојни.

— реклама —

Кочоска најави дека во текот на денот ќе оствари средба со гувернерот Славески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

„Алта банка“ почна со исплата на готовина во Битола, клиентите без картички можат да подигнат до 20.000 денари

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
LDPlogo-620x360

ЛДП: Народна банка бара нов сопственик за Алта Банка, народот бара одговорност

Македонија | пред 21 час

media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Независната советничка група „Поинаку“, СДСМ, Левица и ЛДП бараат вонредна седница за средствата на јавните претпријатија во „Алта банка“

Македонија | пред 21 час

media-librarym8r9lbkk7n75fPyq66c

Народна банка не открива дали Алта банка-Битола има институции како свои клиенти, оти тоа е банкарска тајна

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања