Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Фирмите-клиенти на „АЛТА банка“ од денеска можат неограничено да располагаат со новите приливи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 55 минути -

Македонија
media-library52t7pfa4rkcueLXpvRg
Скопје1.мк

Од денеска, 25 ноември, правните лица кои имаат сметки во „АЛТА банка“ АД Битола можат без ограничување на износот да располагаат со новите приливи префрлени од платежни сметки во други банки и кај други даватели на платежни услуги, информира Народната банка.

— реклама —

Оваа можност веќе ја имаат и физичките лица, кои можат целосно да ги користат новите приливи, вклучително и плати, пензии и социјални трансфери, доколку средствата пристигнуваат од сметки во други банки.

— реклама —

Клиентите можат да располагаат со средствата преку електронско и мобилно банкарство, платежни картички или подигнување готовина на шалтерите на Банката.

Продолжуваат да работат и филијалите во Струмица, Тетово и Прилеп, како и експозитурата во скопскиот трговски центар „Бисер“. Таму клиентите можат да подигнуваат готовина во рамките на утврдените ограничувања, да плаќаат комунални услуги, да отплаќаат кредити и да вршат други уплати.

— реклама —

За електронското и мобилното банкарство остануваат во сила неделните ограничувања од 15.000 денари за клиентите со платежни картички и 20.000 денари во период од две недели за клиентите без картички. Лимитите се однесуваат на сите сметки и канали за плаќање и повлекување средства.

— реклама —

Народната банка соопшти дека продолжува да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ и да презема активности за олеснување на пристапот на клиентите до нивните средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Собранието денеска ја продолжува надзорната расправа за „Алта банка“

Македонија | пред 48 минути

— реклама —
media-library3i2j1e18s1cceeWVX2W

Алта банка утре повторно пред пратениците: На расправата ќе присуствува и Сиљановска

Македонија | пред 12 часа

media-library52t7pfa4rkcueLXpvRg

Комерцијална банка сака да ја преземе „Алта банка“, аукција е закажана на 30 ноември, вели Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања