Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 44 минути -

Македонија
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

 СДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка. Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со случајот Алта банка, СДС сега замерка му најде и на јавната аукција.

— реклама —

СДС и Филипче отвораат нова епизода од политичката кампања, обидувајќи се јавна и транспарентна постапка, како што е јавната аукција за Алта банка, да ја претстават како тајна зделка.

— реклама —

Да потсетиме, СДС претходно лажеше за наводни сомнителни милионски трансфери кон Србија и Русија, финансиски одливи, како и сценарија за пропаѓање на банката и загрозување на средствата на граѓаните. Но, на крајот, како и многу пати до сега нивните најави, обвинувања и црни сценарија не се остварија.

Наместо да се води сериозна дебата заснована врз факти, СДС само се обидува да создаде недоверба и вознемиреност кај јавноста преку вакви политички конструкции. Да беа толку посветени на партиската консолидација, на подготовка на програма и понуда до граѓаните, СДС и Филипче ќе го имаа подобрено и рејтингот, кој им е на прагот на статистичка грешка.

— реклама —

Но, ваквите очајни обиди на партискиот талог на СДС и Венко Филипче, за ситни политички поени, нема да остане засекогаш тага. Во новиот Кривичен законик ќе се воведе ново кривично дело казниво со казна затвор за секој оној, кој со својата службена или општествена положба и углед, со лажни изјави или исправи ќе изнесе во јавност неточни информации со што ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем.

— реклама —

Граѓаните заслужуваат транспарентност, проверливи информации и одговорност од сите политички чинители, а не обвинувања без докази и создавање непотребна паника, како што во изминатиот период прават СДС и Филипче.

Јавноста има право да ги знае фактите, политичките обвинувања не смеат да бидат замена за аргументи и докази. Веќе е доста ширеше на лажни вести и информации, со цел креирање хистерија и паника кај граѓаните“, се додава во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylh9n83eane2o4ZccMgW

Народната банка на Србија ја затвора „Алта лизинг“: Одземена дозволата, започнува ликвидација

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-library52t7pfa4rkcueLXpvRg

Народната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноември

Македонија | пред 5 дена

media-librarylh9n83eane2o4ZccMgW

Речиси 18.000 граѓани закажале термин за исплата на депозитите од српската „Алта банка“

Балкан | пред 6 дена

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ВЛЕН: Сватот на Ахмети му ги продал акциите на Мацура за преземање на „Алта банка“ во Македонија

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања