„Не сум видовита за да можам да предвидам дека состојбите ќе бидат и понатаму лоши“, вели Димитриеска-Кочоска за вториот ребаланс
Приходите и расходите во Буџетот за 2026 година ќе бидат намалени за по околу 5,3 милијарди денари со вториот ребаланс. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска објасни дека корекциите се главно поврзани со промените на пазарот на енергенси и мерките преземени за ублажување на ценовниот удар врз граѓаните и компаниите.Министерката појасни дека измените не се резултат на проблеми со ликвидноста, туку претставуваат навремено приспособување на државната каса кон новите економски услови.
Македонија | пред 6 часа