Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Граѓаните да добијат поевтини платежни услуги“, порача Славески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
slaveski1

По најавите за зголемување на банкарските провизии и реакциите што следуваа во јавноста, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Трајко Славески, смета дека е време да се отвори поширока дебата за можни законски решенија кои би овозможиле подобра заштита на корисниците на платежните услуги.

— реклама —

Во објава на социјалната мрежа Икс, Славески посочи дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат и граѓаните и компаниите, поради што прашањето за висината на банкарските провизии заслужува поширока општествена расправа.

— реклама —

Тој нагласи дека Народната банка во моментов нема законска надлежност директно да ги регулира надоместоците што ги наплаќаат банките, но оцени дека актуелните случувања отвораат потреба од разгледување на можностите за дополнување на постојната законска рамка.

Според Славески, во повеќе европски држави веќе постојат механизми за регулирање или ограничување на одредени банкарски трошоци, што може да послужи како пример и основа за дебата во земјава.

— реклама —

„Целта е граѓаните и компаниите да имаат пристап до ефикасни платежни услуги со разумни трошоци, во согласност со современите европски практики“, посочи гувернерот.

— реклама —

Неговата реакција следува откако дел од банките најавија зголемување на надоместоците за услугите во платниот промет, што предизвика реакции во јавноста и отвори прашања за потребата од поголема заштита на корисниците на банкарските услуги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1u3btku4c5aeepCZgGu

СДСМ со обвинувања за Мицкоски и Алта банка: Обвинителството мора да реагира

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

Филипче ја нападна одлуката на Славески за Алта банка: „Криминална одлука на криминална власт“

Македонија | пред 1 седмица

media-library5ksjfc64o5pm0Qf0ri0

Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада: финансиски писмени млади се важен предуслов за стабилна и просперитетна економија

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfkoa78ju2re12Yx8R0I

Гувернерот Славески со порака по смртта на Алан Гринспен, кој почина на 100-годишна возраст

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања