Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Гувернерот Славески со конкретни предлози за намалување на надоместоците за платежни услуги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
nbrm

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки во Македонската банкарска асоцијација ги претстави предлозите за намалување на провизиите коишто ги плаќаат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги. Целта на иницијативата е провизиите да се постават на ниво кое ќе биде одржливо за банките, но истовремено да бидат фер и прифатливи за корисниците. Народната банка е подготвена да го направи првиот чекор во оваа насока.

— реклама —

„Денес доаѓаме со понуда до банките, Народната банка да го направи првиот чекор со намалување на надоместоците што ги плаќаат банките за користење на услугите во МИПС, како што се надоместоците поврзани со долговниот промет. Очекуваме и банките во најкус можен рок да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно ниво“, истакна гувернерот Славески.

На состанокот со банкарите, гувернерот Славески потенцира дека следејќи го примерот на земјите од Европската Унија, коишто значително ја изменија регулаторната рамка за начинот на кој се извршуваат платежните услуги, нашата земја направи значителен напредок во осовременувањето и усогласувањето со европското законодавство и практики, што придонесе да станеме членка на Единствената област за плаќања во евра СЕПА. Тој нагласи дека со новата правна рамка, во нашата држава е создадена средина во којашто платежните услуги се третираат како услуги од јавен интерес. Тоа значи дека секој граѓанин, без разлика на својата социјална положба, место на живеење или степен на дигитална писменост, треба да има пристап до сигурни, квалитетни и достапни платежни услуги. Ваквиот пристап подразбира и поставување на надоместоците на разумно ниво за сите корисници.

— реклама —

„Споредувајќи ги надоместоците за платежните услуги на банките со надоместоците на матичните банки од ЕУ, согледуваме неколку видови платежни услуги за кои надоместоците треба да се намалат и поедностават, а некои и да се укинат:

- Надоместоците за одржување на платежната сметка за компаниите претставуваат голем трошок, особено за малите и средните компании во земјата, поради што треба да се намалат;

- Надоместоците за користење на електронското и мобилното банкарство, во услови кога се наплатуваат надоместоци за одржување на платежната сметка, претставуваат дополнителен трошок, кој треба да се укине;

- Надоместоците за плаќањата со платни налози во рамки на банката треба да се укинат, имајќи предвид дека за нивното извршување не е потребно користење на платните системи кои создаваат трошоци за банките;

- Надоместоците за меѓубанкарските плаќања во домашната валута кои се извршуваат преку платните системи КИБС и МИПС треба значително да се намалат;

- Надоместоците за подигнувањето готовина на туѓи банкомати во земјата и странство, кои кај некои банки се и во вид на % од износот, треба да се намалат и поедностават како фиксен трошок по трансакција;

- Надоместоците за прифаќање картички на продажни места кај трговците коишто банките ги наплатуваат од трговците треба да се намалат, имајќи предвид дека меѓубанкарските провизии се ограничени со Законот за платежни услуги и платни системи и се сведени на нивоата во ЕУ“.

Ова се конкретните примери коишто гувернерот Славески ги претстави пред банкарската заедница, при што упати повик да се охрабрат и заеднички да продолжат со иновативен и проактивен пристап. Притоа, ја истакна важноста корисниците на платежни услуги да се стават во фокусот при воведувањето на услугите, преку понуда на разумни, фер и одржливи надоместоци.

Гувернерот нагласи дека поставувањето разумни надоместоци за користењето на платежните услуги ќе има директно влијание врз зголемувањето на финансиската вклученост на населението, дополнително ќе придонесе за намалување на сивата економија и ќе обезбеди поддршка за оддржлив економски раст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mmf-1

НБРМ: Банкарскиот сектор е стабилен и соодветно се справува со тековните предизвици

Македонија | пред 2 години

srpski-dinari

Народната банка го вклучи српскиот динар на курсната листа

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања