Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Продолжува исплатата на клиентите на АЛТА банка, денеска реализирани 750 исплати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Македонија
media-librarym8r9lbkk7n75fPyq66c

Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари, информираат од Народната банка на Република Македонија.

— реклама —

„Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика.

— реклама —

Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски.

— реклама —

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

— реклама —

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

narodna-banka-na-rm

Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 4,25%

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
nbrm-narodna-banka

Раст на каматите на новите кредити, просечната стапка достигна 4,94 проценти

Македонија | пред 1 седмица

mmf-1

Народната банка ја задржа каматата на 4%, но најавува можни затегнувања

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryrc01d8mtb6rs8s030NI

Раст на штедењето и кредитирањето: Банкарскиот сектор со двоцифрен раст

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања