Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „СДСМ бара привремена забрана за вршење должности на Трајко Славески и останатите во НБРМ за Алта банка“, вели Димитријевиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 18 минути -

Македонија
slaveski1

СДСМ бара привремено отстранување од должност на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и на другите инволвирани во случајот со Алта банка, откако партијата поднесе кривична пријава против нив. Барањето, како што соопшти генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, има цел да спречи можно влијание врз сведоците и уништување на документацијата.

— реклама —

Димитријевиќ на прес-конференција истакна дека СДСМ бара обвинителството да ја прибере целокупната документација за преземањето на Алта банка во Македонија, вклучително и стручните елаборати, записниците, дадените согласности и комуникацијата со домашните и странските институции. Партијата бара и проверка на прекуграничните трансакции, како и сослушување на сите лица што учествувале во одлучувањето и надзорот.

— реклама —

Од СДСМ наведуваат дека со кривичната пријава бараат да се испита дали биле проверени угледот на сопственикот, потеклото на капиталот и можните ризици за сигурноста и стабилноста на банката.

Димитријевиќ упати повик до обвинителот Ненад Саевски да постапува независно и без политички притисоци, оценувајќи дека треба да се утврди одговорноста на сите што учествувале во процесот на преземање и одобрување на Алта банка.

— реклама —

Партијата тврди дека станува збор за сериозен финансиски скандал и најави дека ќе бара одговорност од сите инволвирани.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања