Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Гувернерот Славески до студентите практиканти: „Вие сте дел од иднината на централното банкарство“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryd7tnf5l355np9w9Mrt3

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ги пречека студентите кои започнуваат со практична работа во институцијата, посакувајќи им успешен почеток и можност да стекнат нови знаења и практични искуства.

— реклама —

Средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во година кога институцијата одбележува 80 години централно банкарство – јубилеј што, како што беше истакнато, го симболизира долгогодишниот придонес во одржувањето на макроекономската стабилност и довербата во националната валута.

— реклама —

„Вие сте дел од иднината. Искористете ја практикантската работа најдобро што можете – поставувајте прашања, учете од вашите ментори и бидете отворени за нови идеи“, им порача Славески на студентите.

— реклама —

Во текот на практикантската програма, студентите ќе се запознаат со работата на повеќе организациски единици во Народната банка, меѓу кои монетарната политика и истражувањето, финансиските пазари, статистиката, информатичката технологија, правните работи и трезорското работење.

Од Народната банка посочуваат дека преку програмата студентите ќе добијат практичен увид во функционирањето на современа централна банка и ќе стекнат искуство во различни области од нејзиното работење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nbrm-narodna-banka

Народната банка со едукативна програма за штедење и управување со личните финансии

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
mmf-1

Инстант плаќања и побрзи трансакции: Македонија го модернизира финансискиот систем со поддршка од Светската банка

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypbjg8i0tm1oeaMCPf52

Една година СЕПА: Граѓаните и компаниите заштедиле над 5 милиони евра

Македонија | пред 2 седмици

pari-1

Нови ограничувања за кредитите од декември: Се намалува дозволениот однос меѓу ратата и приходите

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања