Промени тема
Контакт

НАРОДНА БАНКА

media-library4bo18uadi620a9i5aER

Славески за клиентите на Алта банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идните приливи

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на Алта банка, а гувернерот Трајко Славески најави три нови мерки со кои ќе им се овозможи полесен пристап до парите и користење на банкарските услуги.Од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени шалтери и во Тетово и Струмица. На нив граѓаните што немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари, без да мора да патуваат до Битола. За жителите на Прилеп, Ресен и Охрид ќе биде орг

Македонија | пред 1 седмица

media-library7713o7fs38p0ft7IdTv

Исплатени пензиите за 556 граѓани без платежни картички

Вкупно 556 пензионери денеска подигнаа средства од филијалата на „Алта банка“ АД Битола, иако првично беа планирани околу 400 исплати. Станува збор за корисници кои имаат платежни сметки во банката, но немаат платежни картички.Исплатата се одвиваше без проблеми, а на шалтерите беа услужени и граѓаните кои не добиле СМС-порака, бидејќи немале оставено телефонски број за контакт, но самостојно дошле да ги подигнат средствата. Согласно со утврдените ограничувања, секој можел да повлече до 20.000 де

Македонија | пред 1 седмица

media-library7713o7fs38p0ft7IdTv

Народна банка ги демантира наводите за големи парични трансфери од Алта банка кон Србија и Русија

Народната банка соопшти дека нема евидентирано трансакции во поголеми износи кон Србија и Русија преку „Алта банка“ АД Битола, демантирајќи ги наводите што се појавија во јавноста.Од Централната банка информираат дека деталната анализа на податоците за 2025 година и периодот заклучно со октомври 2026 година не покажала такви трансакции.Според објавените податоци, приливите од Србија во 2025 година изнесувале 2,2 милиони евра, а одливите 5,3 милиони евра. Во периодот до октомври 2026 година, прил

Македонија | пред 1 седмица

nbrm-narodna-banka

Народната банка најостро ги отфрла манипулациите на СДСМ: Повторуваат веќе демантирани невистини и свесно ја поткопуваат довербата на штедачите

Народната банка реагираше на новите обвинувања од СДСМ во врска со назначувањето администратор во „Алта банка“ АД Битола, оценувајќи дека станува збор за повторување на тврдења кои веќе биле демантирани и со кои, според институцијата, се извртуваат фактите.Од Народната банка посочуваат дека истите наводи биле објавени во неколку медиуми, по што институцијата јавно ги појаснила законските надлежности. Сепак, како што наведуваат, СДСМ повторно ги пласирал истите тврдења, игнорирајќи го објавениот

Македонија | пред 1 седмица

mmf-1

Европската комисија со позитивна оценка за банкарскиот сектор и Народната банка

Банкарскиот сектор во Македонија е отпорен, со солидна капитализираност, квалитетно кредитно портфолио и добра профитабилност. Ова се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2026 година, во кој се нотираат и активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.Во извештајот се истакнува дека Народната банка продолжува да ја спроведува монетарната политика насочена кон одржување на ценовната стабилност,

Македонија | пред 1 седмица

media-librarym8r9lbkk7n75fPyq66c

Народна банка не открива дали Алта банка-Битола има институции како свои клиенти, оти тоа е банкарска тајна

Народната банка не евидентирала милионски трансфери од Србија кон Алта банка АД Битола во периодот по 26 октомври, ниту располага со податоци што би ги потврдиле тврдењата за перење пари преку такви трансакции. Во одговор на прашања од Скопје1, централната банка открива дека приливите од Србија во Македонија во овој период изнесувале околу 16.000 евра, додека одливите во обратна насока биле приближно 180.000 евра.Одговорот следува по информациите и обвинувањата во јавноста за можни трансфери на

Македонија | пред 1 седмица

narodna-banka-na-rm

По случајот со АЛТА банка, Славески денеска со прес-конференција

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, денеска, 1 ноември, со почеток во 17 часот, ќе одржи прес-конференција на која ќе се осврне на актуелните случувања поврзани со банкарскиот сектор, како и на супервизорските активности на Народната банка.Прес-конференцијата доаѓа по вчерашното соопштение на Народната банка во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград.Од Народната банка вчера појаснија дека одлуката на српскиот р

Македонија | пред 2 седмици

media-library7713o7fs38p0ft7IdTv

Народна банка за АЛТА банка: Одземањето на лиценцата во Србија не значи автоматска забрана во Македонија

Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола.„Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Северна Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка, како на

Македонија | пред 2 седмици

media-library2big0ciuktk9eAJaQCz

Гувернерот Славески: 80 години централно банкарство – независност и интегритет за идни успеси

Народната банка одбележа 80 години централно банкарство, при што гувернерот Трајко Славески порача дека независноста, професионалноста и интегритетот остануваат клучни за идниот развој на институцијата.„Стабилноста ќе остане јавно добро, довербата најскапоцениот капитал, а одговорноста наша обврска“, истакна Славески на свечената академија во Музејот на Народната банка, на која присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, премиерот Христијан Ми

Македонија | пред 2 седмици

nbrm-narodna-banka

Народната банка со едукативна програма за штедење и управување со личните финансии

Народната банка од 28 октомври до 5 ноември ќе организира низа едукативни активности по повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, и Деновите на финансиската писменост. Целта е да се унапредат финансиските знаења, да се поттикне штедењето и да се зголеми заштитата на граѓаните при користењето финансиски услуги.Во рамките на програмата, ученици од основните и средните училишта ќе учествуваат во работилници, предавања и квизови, а ќе ја посетат и Народната банка за да се запознаат со нејзината

Македонија | пред 2 седмици

mmf-1

Инстант плаќања и побрзи трансакции: Македонија го модернизира финансискиот систем со поддршка од Светската банка

Македонија планира да воведе национален систем за инстант плаќања, кој во иднина ќе биде поврзан со соодветните платни системи во Западен Балкан и Европската Унија. Проектот ќе се реализира со поддршка од Светската банка, а целта е да се забрзаат трансакциите и да се олесни финансиското поврзување на граѓаните и компаниите со регионалните и европските пазари.За проектот, како и за натамошната модернизација на платната инфраструктура, разговарале гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, за

Македонија | пред 1 месец

media-librarypbjg8i0tm1oeaMCPf52

Една година СЕПА: Граѓаните и компаниите заштедиле над 5 милиони евра

За само една година од оперативното приклучување кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА, преку системот се реализирани повеќе од 581 илјада трансакции со вкупна вредност од околу 11 милијарди евра, соопшти Народната банка. Проценките покажуваат дека интеграцијата досега донела над 5 милиони евра заштеда за граѓаните и компаниите.На 7 октомври се одбележува една година од приклучувањето на Македонија кон СЕПА, што од Народната банка го оценуваат како значаен чекор во модернизацијата на

Македонија | пред 1 месец

pari-1

Нови ограничувања за кредитите од декември: Се намалува дозволениот однос меѓу ратата и приходите

Од 1 декември 2026 година ќе важат нови правила за дел од кредитите за физичките лица, откако Извршниот одбор на Народната банка донесе измени на макропрудентните мерки.Со измените се намалува максимално дозволениот ДСТИ – односот меѓу месечните отплати на кредитите и приходите на кредитокорисникот. Лимитот се намалува од 50 на 45 отсто за кредитите во денари, односно од 45 на 40 отсто за кредитите со валутна компонента.За граѓаните кои првпат купуваат сопствено живеалиште, овие ограничувања ост

Македонија | пред 1 месец

mmf-1

Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност

Меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ја нагласува улогата на стабилната монетарна политика и отпорниот банкарски сектор како важни фактори за одржување на макроекономската стабилност во Македонија.Во најновиот извештај за земјата, агенцијата оценува дека континуитетот во водењето на монетарната политика, поткрепен со фиксниот курс на денарот во однос на еврото, придонесува за стабилноста на економијата. Воедно, девизните резерви се оценети како стабилни и соодветни за покривање на идните надворе

Македонија | пред 1 месец

mmf-1

Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити и од 13,6% на вкупната кредитна поддршка

Паричната маса во август продолжи да расте, при што монетарниот агрегат М3 на месечна основа е зголемен за 1,3 отсто, главно како резултат на растот на депозитните пари и краткорочните депозити.На годишно ниво, паричната маса е зголемена за 8,2 отсто, што претставува дополнително забавување на годишната динамика. Раст е забележан кај сите компоненти на паричната маса.Вкупните депозити во август се зголемиле за 1,6 отсто на месечна основа, при што растот главно произлегува од корпоративниот секто

Македонија | пред 1 месец

nbrm-narodna-banka

Народната банка ја задржа стапката на противцикличниот капитал на 2 отсто

Народната банка одлучи стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеноста на банките во земјава да остане 2 проценти. Стапката ќе се применува од четвртото тримесечје на 2027 година, а одлуката е донесена по редовната квартална оцена на системските ризици, врз основа на податоците заклучно со вториот квартал од 2026 година.Од Народната банка оценуваат дека сегашното ниво е соодветно на макрофинансиските услови и состојбите во банкарскиот систем. Според оцената, банкарскиот се

Македонија | пред 1 месец

mmf-1

Основната каматна стапка останува 4,25%

Народната банка одлучи основната каматна стапка да остане на 4,25 проценти, оценувајќи дека високата неизвесност во домашното и меѓународното окружување бара внимателен пристап кон монетарната политика.Одлуката е донесена на редовната седница на Извршниот одбор, одржана на 15 септември 2026 година, врз основа на најновите макроекономски показатели и проценки за ризиците.Од Народната банка посочуваат дека движењата на девизниот пазар се стабилни. Во јули и август, централната банка интервенирала

Македонија | пред 2 месеци

media-library5bn3agpihuc4e3dH46H

Арљинда Хасани Синани е нова вицегувернерка на Народната банка

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, на предлог на гувернерот д-р Трајко Славески. Таа ќе ја извршува функцијата со мандат од седум години.Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор. Во текот на кариерата работела на стручни и раководни позиции во областите на кредитирањето, управувањето со ризици и деловното банкарство.Има извршувано повеќе раководни функции во „Прокредит банка“ АД Скопје и „С

Македонија | пред 2 месеци

mmf-1

Каматата на кредитите во јули 4,68%, новите депозити со пониски камати

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули 2026 година изнесувала 4,68 отсто, што претставува минимален месечен раст од 0,01 процентен поен. На годишно ниво, сепак, каматната стапка е намалена за 0,23 процентни поени.Кај вкупните депозити, просечната каматна стапка достигнала 2,18 отсто, со месечен раст од 0,01 процентен поен, додека во споредба со јули минатата година е пониска за 0,03 процентни поени.Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јули се зголемила за 0,06 пр

Македонија | пред 2 месеци

narodna-banka-na-rm

ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра

Народната банка ќе добие траен пристап до зголемената репо-линија на Евросистемот – ЕУРЕП, откако Европската централна банка ја одобри оваа можност со максимален износ од 50 милијарди евра.По завршувањето на техничкиот процес за приклучување, Народната банка ќе има брз пристап до девизна ликвидност, што треба да овозможи полесно справување со потенцијални финансиски шокови и зголемена побарувачка за ликвидност во евра.Иако девизните резерви на Народната банка се на високо ниво и претставуваат ос

Македонија | пред 3 месеци

mmf-1

Во јуни пониски камати на кредитите, депозитите останаа стабилни

Просечните каматни стапки на кредитите во банките и штедилниците продолжиле да се намалуваат и во јуни годинава, додека каматите на депозитите останале речиси непроменети, покажуваат најновите податоци на Народната банка.Во јуни 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесувала 4,67 проценти, што претставува намалување од 0,02 процентни поени во однос на мај и 0,36 процентни поени во споредба со истиот месец лани. Просечната каматна стапка на вкупните депозити останала на ни

Македонија | пред 3 месеци

narodna-banka-na-rm

Основната каматна стапка останува 4,25 проценти, неизвесноста и натаму е висока

Народната банка одлучи да ја задржи основната каматна стапка на 4,25 проценти, по редовната седница на Извршниот одбор одржана на 28 јули. Одлуката следува по јунското зголемување на каматата и се темели на најновите економски показатели и проценките за ризиците во домашното и меѓународното окружување.Од Народната банка посочуваат дека девизниот пазар останува стабилен, а девизните резерви се на сигурно ниво и се доволни за одржување на стабилноста на курсот на денарот.Годишната инфлација во јун

Македонија | пред 3 месеци

mmf-1

Во јуни годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 13,1% на вкупната кредитна поддршка, соопшти Народна банка

Паричната маса, депозитите и кредитите продолжиле да растат и во јуни годинава, покажуваат најновите податоци на Народната банка за монетарните движења.Според извештајот, паричната маса (М3) во јуни е повисока за 1,8 проценти во однос на претходниот месец, главно поради растот на депозитните пари и краткорочните депозити. На годишно ниво, паричната маса е зголемена за 9,7 проценти.Вкупните депозити во банкарскиот систем се зголемиле за 2,1 процент на месечно и за 9,9 проценти на годишно ниво. Ра

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd7tnf5l355np9w9Mrt3

Гувернерот Славески до студентите практиканти: „Вие сте дел од иднината на централното банкарство“

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ги пречека студентите кои започнуваат со практична работа во институцијата, посакувајќи им успешен почеток и можност да стекнат нови знаења и практични искуства.Средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во година кога институцијата одбележува 80 години централно банкарство – јубилеј што, како што беше истакнато, го симболизира долгогодишниот придонес во одржувањето на макроекономската стабилност и довербата во националната валута.„Вие сте де

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynukt99hv88gq8aj3pun

Народната банка најавува инстант плаќања 24/7: Величковски ги претстави новите реформи

Вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски, оцени дека монетарната политика и платните системи претставуваат двата клучни столба на современото централно банкарство, нагласувајќи дека континуираните реформи придонесуваат за поголема стабилност и развој на финансискиот систем.Во своето обраќање во билтенот на Македонската банкарска асоцијација, Величковски посочи дека измените во оперативната монетарна рамка, усвоени кон крајот на минатата година, придонеле за подобро функционирање на ме

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања