Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Кредитите продолжуваат да растат, депозитите бележат пад во април

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
mmf-1

Народна банка соопшти дека во април 2026 година паричната маса бележи месечен пад од 1,3 проценти, главно поради намалувањето на краткорочните депозити.

— реклама —

Според објавените податоци, вкупните депозити се намалени за 1,4 проценти на месечно ниво, пред сè поради падот на депозитите кај корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата продолжиле да растат. На годишно ниво, депозитите се повисоки за 9,3 проценти.

— реклама —

Во исто време, вкупните кредити во април пораснале за 1 процент на месечно ниво и за 13,3 проценти на годишно ниво, како резултат на зголеменото кредитирање и на компаниите и на граѓаните.

Кредитите на корпоративниот сектор забележале годишен раст од 15 проценти, додека кредитите на домаќинствата пораснале за 11,9 проценти.

— реклама —

Кај граѓаните, најголем раст и натаму бележат потрошувачките и станбените кредити. Потрошувачките кредити во април пораснале за 1,2 проценти на месечно и 11,2 проценти на годишно ниво, додека станбените кредити бележат месечен раст од 1,3 проценти и годишен раст од 16,2 проценти.

Од Народната банка наведуваат дека депозитите на домаќинствата во април се зголемени за 1,6 проценти, а на годишно ниво за 10,5 проценти, главно поради растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nbrm-narodna-banka

Народната банка со едукативна програма за штедење и управување со личните финансии

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
mmf-1

Инстант плаќања и побрзи трансакции: Македонија го модернизира финансискиот систем со поддршка од Светската банка

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypbjg8i0tm1oeaMCPf52

Една година СЕПА: Граѓаните и компаниите заштедиле над 5 милиони евра

Македонија | пред 2 седмици

pari-1

Нови ограничувања за кредитите од декември: Се намалува дозволениот однос меѓу ратата и приходите

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања