Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Народната банка најостро ги отфрла манипулациите на СДСМ: Повторуваат веќе демантирани невистини и свесно ја поткопуваат довербата на штедачите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 33 минути -

Македонија
nbrm-narodna-banka

Народната банка реагираше на новите обвинувања од СДСМ во врска со назначувањето администратор во „Алта банка“ АД Битола, оценувајќи дека станува збор за повторување на тврдења кои веќе биле демантирани и со кои, според институцијата, се извртуваат фактите.

— реклама —

Од Народната банка посочуваат дека истите наводи биле објавени во неколку медиуми, по што институцијата јавно ги појаснила законските надлежности. Сепак, како што наведуваат, СДСМ повторно ги пласирал истите тврдења, игнорирајќи го објавениот демант.

— реклама —

Во реакцијата се повикуваат на член 57 став 1, точки 3 и 4 од Законот за банките, според кој претходна согласност за именување членови на Управниот и Надзорниот одбор на банка дава Извршниот одбор на Народната банка, составен од гувернерот и вицегувернерите.

Оттаму оценуваат дека е неосновано на администраторот да му се припишуваат одлуки што ги донел друг, законски надлежен орган, и сметаат дека ваквите тврдења имаат цел да го дискредитираат.

— реклама —

Народната банка предупредува дека ширењето вакви обвинувања во момент кога институцијата презема мерки за заштита на интересите на штедачите и клиентите на „Алта банка“ може да ја наруши довербата во банкарскиот систем.

— реклама —

„Интересот на штедачите мора да биде над дневнополитичките пресметки“, порачуваат од Народната банка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

mmf-1

Европската комисија со позитивна оценка за банкарскиот сектор и Народната банка

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library2big0ciuktk9eAJaQCz

Гувернерот Славески: 80 години централно банкарство – независност и интегритет за идни успеси

Македонија | пред 1 седмица

nbrm-narodna-banka

Народната банка со едукативна програма за штедење и управување со личните финансии

Македонија | пред 1 седмица

mmf-1

Инстант плаќања и побрзи трансакции: Македонија го модернизира финансискиот систем со поддршка од Светската банка

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања