Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Исплатени пензиите за 556 граѓани без платежни картички

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 23 минути -

Македонија
media-library7713o7fs38p0ft7IdTv

Вкупно 556 пензионери денеска подигнаа средства од филијалата на „Алта банка“ АД Битола, иако првично беа планирани околу 400 исплати. Станува збор за корисници кои имаат платежни сметки во банката, но немаат платежни картички.

— реклама —

Исплатата се одвиваше без проблеми, а на шалтерите беа услужени и граѓаните кои не добиле СМС-порака, бидејќи немале оставено телефонски број за контакт, но самостојно дошле да ги подигнат средствата. Согласно со утврдените ограничувања, секој можел да повлече до 20.000 денари, во рамките на дозволениот износ за период од две недели.

— реклама —

Во меѓувреме, на сметките на банката се уплатени и средствата за исплата на социјалната помош од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Исплатата за корисниците треба да започне утре, 6 ноември.

— реклама —

Филијалата во Битола утре ќе работи во две смени, како и во сабота. Од Народната банка очекуваат следната недела, по завршувањето на подготовките, да бидат отворени шалтери и во другите градови.

— реклама —

Народната банка продолжува со активности за надминување на состојбата и изнаоѓање решенија за постепено и безбедно олеснување на располагањето со средствата на граѓаните и компаниите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nbrm-narodna-banka

Народната банка најостро ги отфрла манипулациите на СДСМ: Повторуваат веќе демантирани невистини и свесно ја поткопуваат довербата на штедачите

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
mmf-1

Европската комисија со позитивна оценка за банкарскиот сектор и Народната банка

Македонија | пред 7 часа

media-library2big0ciuktk9eAJaQCz

Гувернерот Славески: 80 години централно банкарство – независност и интегритет за идни успеси

Македонија | пред 1 седмица

nbrm-narodna-banka

Народната банка со едукативна програма за штедење и управување со личните финансии

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања