Промени тема
Контакт

Собранието ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери на Народната банка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryprp4hvck54el0Auukwc

Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка на Република Северна Македонија, по предлог на гувернерот Трајко Славески. Тие ќе ја извршуваат функцијата во наредните седум години.

— реклама —

Митреска е реизбрана за втор мандат, откако првпат беше именувана во 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и има над 25 години искуство во централната банка, со значаен ангажман во макроекономските анализи, проекциите и соработката со меѓународни финансиски институции и агенции за кредитен рејтинг.

— реклама —
— реклама —

Величковски, пак, е долгогодишен кадар на Народната банка со повеќе од три децении искуство, доктор по монетарна економија, кој досега ја извршуваше функцијата директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи. Неговиот ангажман е поврзан со клучни реформи во платната инфраструктура и процесите на модернизација, вклучително и приклучувањето кон европската платна зона СЕПА во 2025 година.

— реклама —

Со изборот на новите вицегувернери, се очекува континуитет во спроведувањето на стабилна и кредибилна монетарна политика, со цел одржување на ценовната стабилност и поддршка на економскиот развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypbjg8i0tm1oeaMCPf52

Една година СЕПА: Граѓаните и компаниите заштедиле над 5 милиони евра

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
pari-1

Нови ограничувања за кредитите од декември: Се намалува дозволениот однос меѓу ратата и приходите

Македонија | пред 5 дена

mmf-1

Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити и од 13,6% на вкупната кредитна поддршка

Македонија | пред 2 седмици

nbrm-narodna-banka

Народната банка ја задржа стапката на противцикличниот капитал на 2 отсто

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања