Промени тема
Контакт

НАРОДНА БАНКА

media-librarymds7oimmkdlmd5MWTMj

Вицегувернерката Митреска: Народната банка ја зајакнува поддршката за жените во економијата и претприемаштвото

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, истакна дека институцијата ја зајакнува поддршката за жените во економијата и претприемаштвото, нагласувајќи дека зголемувањето на нивното учество на пазарот на труд носи значајни економски и општествени придобивки, стои во соопштение на Народната банка.На манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, организирана од агенцијата „Марили“, Митреска посочи дека намалувањето на родовите разлики придонесува за поголема иновативност, поефикасно

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryrc01d8mtb6rs8s030NI

Раст на штедењето и кредитирањето: Банкарскиот сектор со двоцифрен раст

Вкупните депозити во банкарскиот систем во март бележат годишен раст од 11,3 проценти, додека кредитната поддршка е зголемена за 13,1 процент, покажуваат најновите податоци на Народната банка.Според централната банка, растот на депозитите доаѓа од зголемувањето кај двата клучни сектора – домаќинствата и компаниите, при што поголем придонес имаат граѓаните.Во исто време, кредитната активност продолжува да се засилува, при што зголемувањето е резултат на повисокото кредитирање и на фирмите и на до

Македонија | пред 5 месеци

media-library394g3khbjsou2BvmLSz

Гувернерот Славески и Басани од Светската банка потпишаа договор за експертска поддршка за воведувањето инстант плаќања во земјата

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и заменик-претседателката на Светската банка, Антонела Басани, потпишаа договор за техничка и експертска поддршка за воведување систем за инстант плаќања во земјата, се наведува во соопштението од Народната банка.Од Народната банка информираат, како што е посочено во соопштението, дека со поддршка на Светската банка се интензивираат активностите за приклучување на земјата кон СЕПА и за вклучување на банките во шемата за кредитни трансфери, што

Македонија | пред 5 месеци

media-librarytpmjhsvt6kut8uLMOyK

Славески на средби со ММФ: Потребен е внимателен пристап во услови на зголемени светски ризици, Народната банка води претпазлива и конзистентна политика

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во Вашингтон оствари повеќе средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, на кои присуствуваше и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.На состаноците биле разгледани актуелните глобални и домашни економски движења, при што е нагласено дека зголемените геополитички тензии придонесуваат за зголемена неизвесност во светската економија.Во однос на домашната економи

Македонија | пред 5 месеци

media-librarytd9r6msttjlkeE46P8q

Славески и Димитриеска-Кочоска во Вашингтон: Фокус на инфлацијата и економската стабилност

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја предводат делегацијата од нашата земја којашто учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Како дел од делегацијата на Народната банка, на овие средби, ќе земат учество и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ и СБ, како и со пре

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryprp4hvck54el0Auukwc

Собранието ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери на Народната банка

Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка на Република Северна Македонија, по предлог на гувернерот Трајко Славески. Тие ќе ја извршуваат функцијата во наредните седум години.Митреска е реизбрана за втор мандат, откако првпат беше именувана во 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и има над 25 години искуство во централната банка, со значаен ангажман во макроекономските анализи, проекциите и соработката со меѓународни финансиски институц

Македонија | пред 5 месеци

nbrm-narodna-banka

ММФ за Народната банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во рамките на соопштението во завршниот исказ по мисијата спроведена врз основа на членот IV, позитивно ги оценува стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор, како и напредокот во монетарната политика и институционалната рамка на Народната банка.Во изјавата се посочува на отпорноста на домашната економија, што се огледа во одржувањето солиден раст и во забавувањето на инфлацијата. Воедно, се истакнува дека продолжениот конфликт на Блискиот Исток и повисоки

Македонија | пред 6 месеци

pari

Банкарските камати без поголеми промени, но новите кредити растат

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во февруари 2026 година изнесува 4,73% и останува непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишно ниво бележи намалување од 0,45 процентни поени, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Република Македонија .Истовремено, каматната стапка на вкупните депозити бележи минимален месечен пад од 0,01 процентен поен и изнесува 2,19%, без промена на годишно ниво .Кај новоодобрените кредити се забележува раст. Во февруари, просечната ка

Македонија | пред 6 месеци

nbrm-narodna-banka

Седница на Советот на Народната банка: Стабилна макроекономска состојба и потреба од внимателно следење на светските ризици

Советот на Народната банка на својата редовна седница ги разгледа најновите економски показатели и оцени за тековната макроекономска состојба во земјата.Движењата остварени кај главните макроекономски показатели засега се во рамките на очекувањата според последните проекции, но со нагласени ризици поради неизвесноста од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток. Имено, од почетокот на 2026 година, годишната стапка на инфлација следи надолна патека и во февруари се сведе на 2,9

Македонија | пред 6 месеци

mmf-1

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува на 2% и во второто тримесечје од 2027 година

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците за последниот квартал од 2025 година, вклучително и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да не се промени висината на  стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките, односно таа да се задржи на 2% од активата пондерирана според ризиците и во второто тримесечје од 2027 година. Стапките на противцикличниот заштитен слој на капиталот за

Македонија | пред 6 месеци

nbrm-narodna-banka

Народна банка: Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА

Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА)  со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема.Вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и придонесува за унапредување на ефикасноста, брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања

Македонија | пред 6 месеци

media-librarysdtol99grorv7GKwqYX

Конференција на Народната банка: Стабилноста, иновацијата и отпорноста како столбови на економијата

„Во време на светски предизвици, одржливите и иновативни институции се најсигурното „сидро“ за економијата.“ Ова беше главната порака што беше испратена на Конференцијата на Народната банка, во соработка со Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF  – The European Money and Finance Forum), на тема „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“. На настанот учествуваа гувернери, економски експерти и министри од регионот и

Македонија | пред 6 месеци

nbrm-narodna-banka

Народна банка: Претпазлива монетарна политика во услови на сѐ поголема светска неизвесност – каматната стапка е непроменета

На 24 март 2026 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.На оваа седница, Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4%. На аукцијата на благајнички записи, којашто ќе се одржи

Македонија | пред 6 месеци

narodna-banka-na-rm

Народната банка: Предлозите за вицегувернери се доставени, изборот е во надлежност на Собранието

Народната банка ја информира јавноста дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршувањето на јавниот повик и во согласност со законските процедури.„Во оваа фаза, постапката за избор е во надлежност на Собранието. Ги отфрламе тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери или дека функционирањето на Народната банка е доведено во прашање.Согласно член 55, став 3 од Законот за Народната банка, член на Советот на кој му истекол мандатот, до именување на нов член, ги има исти

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryvjq81sv4b3e14oDyOT4

Утре започнува Конференцијата на високо ниво за централното банкарство во услови на светски промени

Утре, Народната банка, со поддршка на Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), ја организира Конференцијата на високо ниво на тема: „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“, којашто ќе се одржи на 24 март во Скопје.Настанот претставува уникатна можност за продлабочување на меѓународната соработка и размената на знаења, искуства и мислења меѓу гувернерите, претставници на це

Македонија | пред 6 месеци

media-librarybb5dgfs8v84k0h5y1LR

Гувернерот Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги – финансиската едукација мора да биде дел од образованието

„Младите денес сѐ порано стануваат корисници на финансиски услуги, поради што финансиската едукација треба да биде системски интегрирана во образовниот процес“, истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на настан посветен на финансиската едукација во образованието, организиран по повод 15 март – Меѓународниот ден за правата на потрошувачите, од страна на Бирото за развој на образованието.Според податоците на ОЕЦД, повеќе од две третини од 15-годишниците веќе користат финансиски

Македонија | пред 6 месеци

mmf-1

Усвоен Извештајот за работењето на Комитетот за финансиска стабилност за 2025 година: Финансиската стабилност е задржана

Комитетот за финансиска стабилност, на седницата одржана на 5 март 2026 година, го разгледа Извештајот за работењето на Комитетот и поткомитетите во 2025 година, при што беше утврдено дека финансиската стабилност е задржана, а финансискиот систем покажува добра отпорност и способност за справување со предизвиците.Во Извештајот се оценува дека финансиските институции работеа во услови на побрз економски раст, при натамошна неизвесност од светското окружување. Банкарскиот систем и натаму е стабиле

Македонија | пред 7 месеци

media-librarysv6019ub1nkr2D9ARL0

Народната банка ‒ координатор на Националната коалиција за Кодексот за финансирање на жените претприемачи

Народната банка продолжува со активностите околу спроведување на Кодексот за финансирање на жените претприемачи. Кодексот се спроведува согласно Меморандумот за соработка потпишан со ЕБРД, а со вклученост на претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор. Станува збор за иницијатива на светско ниво на регулаторите,  давателите на финансиски услуги и на другите учесници во финансискиот екосистем, насочена кон активности коишто треба да придонесат за полесен пристап до финансии на микро,

Македонија | пред 7 месеци

media-library0ekjjgsp47gl7wCh3Fx

Вицегувернерката Митреска: Континуитет на политиката на стабилен девизен курс и одржување на макроекономската стабилност

„Народната банка внимателно ги следи сите поместувања поврзани со конфликтот на Блискиот Исток и е подготвена да реагира со соодветни инструменти доколку се појават поизразени и подолготрајни ефекти врз домашната економија“, истакна вицегувернерката Ана Митреска во интервју за ТВ „Телма“.Засега, најверојатните сценарија се умерени, со оцени за побрзо смирување на воените операции, ограничени ефекти врз снабдувањето и цените на енергентите и помали економски последици. Доколку дојде до ескалација

Македонија | пред 7 месеци

media-library4hhjldndo2f5fEaXH1v

Народна банка: Макроекономските движења се во рамките на проекциите

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари 2026 година, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година.„Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од трговските и од геополитичките тензии. Во домашната економи

Македонија | пред 7 месеци

media-library4mc2h6hmgauf0qensG7

Од 1 март засилена автентикација при извршување онлајн плаќања

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење засилена автентикација на клиентите при извршувањето онлајн плаќања со платежни картички. Засилената автентикација има за цел да обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите кај банките преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при извршувањето на плаќањата без физичко присуство.„Имајќи предвид дека граѓаните и компаниите имаат сѐ п

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryfct7co86mg7a6BAuab5

Арнаудова-Стојановска: Расте штедењето во денари и на долг рок

„Заштедите на домаќинствата во домашниот банкарски систем се покажаа како стабилна и отпорна база дури и во услови на зголемена неизвесност и повеќекратни економски шокови во последните години“. Ова го истакна советничката на гувернерот на Народната банка,  Милица Арнаудова-Стојановска во интервју за емисијата „Бизнис објектив“, на ТВ „Телма“, при што посочи дека во изминатиот период се бележи засилен раст на денарските и на долгорочните депозити, што е поврзано со стабилизирањето на очекувањата

Македонија | пред 7 месеци

media-library8apjuql2insb1u0WJaW

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

Советот на Народната банка, на седницата одржана на 3 февруари 2026 година, го усвои Кварталниот извештај, во кој се наведува дека макроекономските показатели упатуваат на стабилни остварувања во најважните сегменти на економијата и во најголем дел се во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Домашната инфлација очекувано забави под влијание на забавувањето на базичната инфлација, а домашната економската активност умерено забрза. Банкарскиот сектор и натаму остварува солиден ра

Македонија | пред 8 месеци

Нема фотографија

Гувернерот Славески: Банките ќе мора да ги намалат трошоците за електронските плаќања

Советот на Народната банка донесе одлука за воведување нов и поедноставен модел на надоместоци што банките ги плаќаат за користење на услугите на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС. Како што истакна гувернерот, д-р Трајко Славески, во денешната изјава пред медиумите, со оваа промена се поставува поконкурентна тарифна структура којашто ќе овозможи пониски трошоци за електронски плаќања, со директни придобивки за граѓаните и за компаниите.„Новото решение е резултат на детални анализи

Македонија | пред 1 година

bezoska

Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата, како гаранција за стабилноста на девизниот курс

Нивото на девизните резерви на крајот на минатата година достигна пет милијарди евра и тие се повисоки за околу 50% во однос на претпандемичниот период. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, посочува дека девизните резерви се најважниот фактор за одржување на стабилноста на домашната валута и дека во изминатиот период, и покрај кризите, тие речиси непрекинато растеа, како гаранција за задржување на стабилноста

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања