Промени тема
Контакт

Народна банка: Надворешниот долг на Македонија порасна за 742 милиони евра во првиот квартал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryas7j8ll7bhl4aeFH4HL

Според најновото соопштение на Народната банка на Република Македонија, бруто надворешниот долг на земјава на крајот од првиот квартал на 2026 година достигнал 12,943 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра во однос на претходниот квартал.

— реклама —

Од Народната банка информираат дека бруто надворешниот долг изнесува 70,5 проценти од проектираниот бруто-домашен производ за 2026 година. Најголем дел од кварталното зголемување се должи на растот на јавниот долг, кој е повисок за 463 милиони евра, пред сè поради издавањето нова еврообврзница. Приватниот надворешен долг, пак, е зголемен за 280 милиони евра.

— реклама —

Во истиот период, бруто надворешните побарувања се зголемиле за 523 милиони евра и достигнале 8,139 милијарди евра, односно 44,3 проценти од проектираниот БДП. Раст е забележан и кај јавните и кај приватните побарувања, при што најголемо зголемување има кај капитално поврзаните субјекти.

Поради побрзиот раст на обврските во споредба со побарувањата, нето надворешниот долг на крајот на март изнесува 4,804 милијарди евра или 26,2 проценти од проектираниот БДП, што претставува квартално зголемување од 218 милиони евра. Притоа, приватниот сектор и натаму има најголемо учество во вкупниот нето-долг, со околу 68 проценти.

— реклама —

Во соопштението на НБРМ се наведува и дека во првиот квартал од годинава е зголемена негативната нето меѓународна инвестициска позиција, која достигнала 9,009 милијарди евра, што е еквивалентно на 49,1 проценти од проектираниот БДП за 2026 година.

— реклама —

Податоците покажуваат дека зголемувањето на негативната меѓународна инвестициска позиција е резултат на побрзиот раст на надворешните обврски во однос на растот на надворешните средства, при што најголемо влијание имаат должничките инструменти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypbjg8i0tm1oeaMCPf52

Една година СЕПА: Граѓаните и компаниите заштедиле над 5 милиони евра

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
pari-1

Нови ограничувања за кредитите од декември: Се намалува дозволениот однос меѓу ратата и приходите

Македонија | пред 5 дена

mmf-1

Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити и од 13,6% на вкупната кредитна поддршка

Македонија | пред 2 седмици

nbrm-narodna-banka

Народната банка ја задржа стапката на противцикличниот капитал на 2 отсто

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања