Промени тема
Контакт

НАРОДНА БАНКА

Нема фотографија

Ангеловска-Бежоска – Палминтери: Народната банка цврсто чекори кон Европскиот систем на централни банки

Народната банка постојано работи на усвојување на најдобрите европски практики и стандарди со што сѐ повеќе се приближува до Европскиот систем на централни банки. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Република Италија во земјава, Паоло Палминтери.Во оваа смисла беше нагласено значењето на поднесеното барање за членство на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Амбасадорот Палминтери ја изрази својата под

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Континуиран растечки тренд на користењето на дигиталните канали за извршување на електронските плаќања

Народната банка на Република Северна Македонија ги објави податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2024 година, кои покажуваат постојан тренд на зголемена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата. Овие податоци се особено значајни, бидејќи ја истакнуваат промената во навиките на граѓаните во насока на сѐ поголема употреба на платежните картички при иницирање на плаќањата, како и користење на решенијата за мобилно плаќање кај електронските к

Македонија | пред 1 година

1-3

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во третото тримесечје од 2024 година

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.На крајот на третиот квартал од 2024 година:На 30.9.2024 година, нето надворешниот долг изнесува 4.432 милиона евра (или 30,6% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2024 година, е намален за 63 милиони евра, или за 1,4%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкуп

Македонија | пред 1 година

Anita-Angelovska-Bezhoska

Новогодишна белешка на гувернерката на Народната банка: Очекуваме постабилен економски амбиент во 2025 година

„Во очекување на економски подобра 2025 година, во која инфлацијата би продолжила да се стабилизира, а растот би забрзал, да се навратиме накусо на годината на која веќе ѝ ги одбројуваме деновите и да се потсетиме на предизвиците и резултатите во неа. Секој внимателен преглед на нашите чекори, предизвици и успеси е патоказ кон поуспешна иднина“, кажа гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска.„Во 2024 година, успешно ја задржавме макроекономската стабилност, вклучително и стабилност

Македонија | пред 1 година

1-2-2

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 п.п., при што во ноември таа изнесува 2,12%.Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,12 п.п. и изнесува 5,36%.Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Народна банка: Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за унапредување на регулативата за идентификување системски значајни банки

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Република Северна Македонија во третиот квартал од 2024 година. Исто така, Советот донесе нова Одлука за методологијата за идентификување системски значајни банки со која се унапредува постојната методологија врз основа на која Народната банкa ги идентификува системски значајните банки во земјава и за нив го утврдува заштитниот слој на капиталот. Ова претставува макропрудентен инструмент за јакнење на отпорноста

Македонија | пред 1 година

angeloska-bezoska

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со претпандемичниот период

Стабилноста на денарот е загарантирана благодарение на капацитетот и инструментариумот со кој располага Народната банка за одбрана на курсот на домашната валута, со акцент на девизните резерви коишто годинава се околу 40% над нивото од претпандемичниот период. Се очекува натамошно постепено стабилизирање на инфлацијата и следната година. Идната монетарна политика ќе зависи од инфлацијата и од девизниот пазар. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за

Македонија | пред 1 година

narodna-banka-na-rm

Ангеловска-Бежоска: Потребни се квалитетни инвестиции и зголемување на продуктивноста за подигнување на потенцијалот за раст на економијата

Народната банка за наредната година очекува умерено забрзување на растот којшто би се искачил на 3,3%, со позитивен придонес од сите компоненти на растот, меѓу кои и најавениот јавен инвестициски циклус и повисокиот прилив на странските директни инвестиции. Се очекува забрзување на извозот со понатамошно закрепнување на светските услови, како и позитивен придонес на личната потрошувачка при раст на расположливиот доход и очекувања за солидно кредитирање на населението. Сепак, ризиците постојат и

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Експерти од Народната банка дадоа придонес кон студија на Светската банка за корпоративната финансиска одржливост

Советодавниот центар за финансискиот сектор на Светската банка (ФИНСАК) изработи студија за процена на финансиската одржливост, во која учество зедоа и експерти од Народната банка и којашто беше презентирана во присуство на тимот, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, како и делегацијата на Светската банка предводена од директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи.Оваа сеопфатна студија дава подлабоки

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Народната банка се залага за финансиска вклученост на лицата со попреченост: Подготвени се Насоки за банките и Брошура за лицата со оштетен вид

Народната банка ги зајакнува активностите за подобрување на животот на лицата со попреченост преку олеснување на пристапот до финансиски услуги. За таа цел централната банка изработи Насоки за поголемо вклучување на лицата со попреченост како потрошувачи во банкарскиот сектор, коишто опфаќаат поголемо олеснување на физичкиот пристап до локациите и инсталирање дигитални платформи, вклученост при осмислувањето на банкарските производи, како и подобра информираност на овие корисници на банкарски ус

Македонија | пред 1 година

AAB-2-Nin

Ангеловска-Бежоска за „НИН“: Носење проактивни економски политики за поголема отпорност на идните предизвици

„Иако успешно поминавме низ голема економска бура, сѐ уште се соочуваме со променливи светски услови, поради што е потребна постојана будност и приспособливост“, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во авторски текст во престижниот српски неделник „НИН“. Во текстот гувернерката ја анализира последната инфлациска криза и одговорот на централните банки, којшто овозможи стабилизација без притоа економиите да западнат во рецесија, или, пак, да има последици за финансиск

Македонија | пред 1 година

angeloska-bezoska

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Банкарскиот самит во Белград: Банкарскиот систем важен фактор за побрза конвергенција кон ЕУ

Банкарските системи во регионот успешно се справија со кризата, а нивната отпорност дополнително беше зајакната, обезбедувајќи им финансиска поддршка на економиите. Во однос на македонскиот банкарски систем, и покрај кризите адекватноста на капиталот беше зајакната, нефункционалните кредити се намалија на историски ниски нивоа, ликвидноста и натаму е солидна и стабилна, а кредитирањето е на солидно ниво. Ова покажува главно дека банкарскиот систем има капацитет да обезбеди поддршка за економскио

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Советот на Народната банка на својата редовна седница го разгледа Извештајот за учеството, препораките и активностите на Народната банка во процесите на интеграција во ЕУ, во периодот ноември 2023 – октомври 2024 година. Во Извештајот се дава осврт кон препораките од Програмата за економски реформи 2024 – 2026 година, наодите од поткомитетите во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во кои учествува Народната банка, проектите на Народната банка финансирани преку ИПА, како и на ост

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Зелените кредити бележат годишен раст во портфолијата на банките и во третиот квартал од 2024 година. Според податоците на Народната банка, на крајот на септември 2024 година, растот на зелените кредити во однос на истиот период лани изнесува 1,4 милијарди денари, или 7,4%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за 2,8 пати. Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки це

Македонија | пред 1 година

angeloska-bezoska

Ангеловска-Бежоска: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Со трговска отвореност од над 150% од БДП и извоз на стоки и услуги од над 70% од БДП, нашата економија е пример за мала и отворена економија успешно интегрирана во глобалните трговски текови. Притоа, извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст и поддршка на платнобилансната позиција на економијата со позитивно влијание врз девизните резерви. „Во периодот по 2020 година се забележува раст на извозот на услужниот сектор, особено во делот на компјутерските и деловните услуг

Македонија | пред 1 година

VG-ANA-SLOBODEN-PECHAT

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година

„Инфлациските очекувања се поволни, a притисоците од глобалните цени на храната и енергентите се намалија, со што за наредната година Народната банка очекува натамошно забавување на просечната инфлација, сведувајќи се на 2,5%, а на среден рок на историските просеци од 2 отсто“. Ова го истакна вицегувернерката Ана Митреска на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ на ТВ „Слободен печат“.„Нашата последна оцена за инфлацијата за следната година е околу 2,5 проценти и таа се заснова врз претпос

Македонија | пред 1 година

Depoziti-okt

Во октомври: Годишен раст од 11,0% на вкупните депозити и од 9,2% на вкупната кредитна поддршка

Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,0%, којшто произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Следната недела ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиската писменост

Следната недела, од 26 до 28 ноември, ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија. Конкретно, организаторите се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување.Деновите на финансиската писменост ќе бидат орг

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Средба со висок претставник на Трезорот на САД: Народната банка има клучна улога во одржувањето на финансиската стабилност

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Лујен Д. Тран, заменик-помошник секретар во Канцеларијата за техничка помош во Трезорот на САД, на која се зборуваше за зајакнувањето на финансиската стабилност и унапредувањето на билатералната соработка. Преку оваа средба беше нагласена поддршката од САД за економскиот развој и зајакнувањето на отпорноста и финансискиот интегритет на земјава.На почетокот на средбата беше нагласена клучната улога на Народната банка во з

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Рокас: Независноста на Народната банка е значајна за кредибилитетот на политиките коишто ги води

Независноста на Народната банка е клучна за задржувањето на високиот кредибилитет којшто го ужива во јавноста, како и за спроведувањето на политиките за одржување на ценовната и финансиската стабилност. Народната банка постојано се стреми кон сè повисоко ниво на транспарентност во сите сегменти од своето работење, со цел да ја задржи високата доверба. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во земјава, при што бе

Македонија | пред 1 година

bezoska

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет

Зајакнување на комуникацијата и соработката од областа на макроекономските движења и макроекономската рамка, размена на податоци, анализи и други релевантни материјали коишто се од заемен интерес, консултации и експертизи за проекти, пренос на стручни знаења и вештини, обуки и едукативни настани. Ова се придобивките коишто се содржани во Меморандумот за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет, којшто го потпишаа гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Фискалниот сове

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ангеловска-Бежоска на Конференција во Тирана: Банкарските системи во регионот имаат капацитет да поддржат забрзана конвергенција

Во изминативе неколку години имаше доходовна конвергенција во регионот на Западен Балкан, но таа се одвиваше побавно. За нејзиното забрзување од особена важност е справувањето со структурните пречки, за што е важна и поддршката од финансискиот систем. Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите од регионот којашто се одржа во Тирана, Албанија, во организација на Централната банка на Албанија и Асоцијацијата на финансиски институции на Албанија, а на к

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Народната банка ‒ домаќин на работилница за зајакнување на капацитетите на ЕСГ, основа на одржливото работење и општествената одговорност

Народната банка презема одлучни чекори кон градењето поодржлив систем и оттука, централната банка беше домаќин на работилница за унапредување на капацитетите поврзани со еколошките, социјалните и управувачките остварувања (ЕСГ). Настанот којшто беше организиран под покровителство на „Инвестицискиот фонд за зелен раст“, во соработка со експерти од „Ернст и Јанг“, имаше за цел да ги зајакне капацитетите на централната банка со знаење и алатки за одржливи практики, во согласност со меѓународните ст

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Народна банка до младите истражувачи: Крајниот рок за пријавување трудови за Годишната награда на Народната банка е 1 февруари

Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е распишан Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Крајниот рок за доставување на трудовите за Конкурсот за Годишната награда за 2025 година е 1 февруари 2025 година. Сите заинтересирани млади истражувачи можат да поднесат свој труд, во согласност со условите и критериумите на јавниот повик.Право на учество имаат сите државјани на земјава на возраст до 35 години, кои не с

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Народната банка ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации

Просечната инфлацијата годинава значително ќе забави и од 9,4% минатата година ќе се сведе на 3,5%, а трендот на намалување ќе биде карактеристичен и за следните години, додека економскиот раст постепено ќе забрзува, при претежно стабилна платнобилансна позиција, посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, која ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2024 ‒ 2027 година пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, к

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања