Промени тема
Контакт

Континуиран растечки тренд на користењето на дигиталните канали за извршување на електронските плаќања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Народната банка на Република Северна Македонија ги објави податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2024 година, кои покажуваат постојан тренд на зголемена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата. Овие податоци се особено значајни, бидејќи ја истакнуваат промената во навиките на граѓаните во насока на сѐ поголема употреба на платежните картички при иницирање на плаќањата, како и користење на решенијата за мобилно плаќање кај електронските кредитни трансфери (платните налози).

— реклама —

Во третиот квартал од 2024 година се забележува значителен годишен раст кај бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во трговијата во земјата. Трансакциите со картички, издадени од домашните даватели на платежните услуги, пораснале за 10,2% по број и за 13,6% по вредност. Овој раст најмногу се должи на високиот годишен раст на бројот на плаќањата во е-трговијата во земјата, кој изнесува 29,2%, како и растот од 8,8% на плаќањата преку терминалските уред ПОС.

— реклама —
— реклама —

Покрај тоа, забележан е и годишен раст во бројот на плаќањата на граѓаните со платни налози. Бројот на платежните трансакции се зголемил за 9,9%, а вредноста на остварените трансакции пораснала за 22,2%. Ова укажува на натамошно зголемување на употребата на дигиталните канали за иницирање на овие плаќања. Најзначајни се резултатите од употребата на апликациите за мобилно плаќање, кои покажуваат годишен раст од 50,2% во бројот на платежните трансакции споредено со истиот период од 2023 година. Во рамките на овие податоци, се истакнува податокот дека граѓаните извршиле 65% од вкупниот број електронски иницирани платни налози преку мобилните платежни апликации, што покажува дека мобилните апликации за плаќање стануваат сѐ попопуларни, бидејќи нудат побрзи и поедноставни решенија за иницирање на платежните трансакции.

— реклама —

Податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2024 година, освен што ги опфаќаат платежните трансакции на граѓаните во земјата, вклучуваат и податоци за платежните трансакции на правните лица во земјата. За повеќе информации, податоците се достапни на следнава врска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypbjg8i0tm1oeaMCPf52

Една година СЕПА: Граѓаните и компаниите заштедиле над 5 милиони евра

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
pari-1

Нови ограничувања за кредитите од декември: Се намалува дозволениот однос меѓу ратата и приходите

Македонија | пред 5 дена

mmf-1

Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити и од 13,6% на вкупната кредитна поддршка

Македонија | пред 2 седмици

nbrm-narodna-banka

Народната банка ја задржа стапката на противцикличниот капитал на 2 отсто

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања