Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Народната банка: Предлозите за вицегувернери се доставени, изборот е во надлежност на Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
narodna-banka-na-rm

Народната банка ја информира јавноста дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршувањето на јавниот повик и во согласност со законските процедури.

— реклама —

„Во оваа фаза, постапката за избор е во надлежност на Собранието. Ги отфрламе тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери или дека функционирањето на Народната банка е доведено во прашање.

— реклама —

Согласно член 55, став 3 од Законот за Народната банка, член на Советот на кој му истекол мандатот, до именување на нов член, ги има истите овластувања и ги извршува истите задачи утврдени со закон. Ова обезбедува непрекинатост во работењето и ги гарантира стабилноста и непреченото функционирање на институцијата, што е во согласност и со насоките на Меѓународниот монетарен фонд

— реклама —

Ваквата ситуација не е новост и одредени пролонгирања се забележани и во претходните избори на членови на Советот на Народната банка, но институцијата секогаш функционирала непречено.

— реклама —

Законот и досегашната практика јасно обезбедуваат непрекинатост и стабилност во работењето на Народната банка до избирањето на новите носители на функциите“, информираат од Народна банка

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7713o7fs38p0ft7IdTv

Исплатени пензиите за 556 граѓани без платежни картички

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
nbrm-narodna-banka

Народната банка најостро ги отфрла манипулациите на СДСМ: Повторуваат веќе демантирани невистини и свесно ја поткопуваат довербата на штедачите

Македонија | пред 1 седмица

mmf-1

Европската комисија со позитивна оценка за банкарскиот сектор и Народната банка

Македонија | пред 1 седмица

media-library2big0ciuktk9eAJaQCz

Гувернерот Славески: 80 години централно банкарство – независност и интегритет за идни успеси

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања