Промени тема
Контакт

НАРОДНА БАНКА

Нема фотографија

Народна банка до младите истражувачи: Крајниот рок за пријавување трудови за Годишната награда на Народната банка е 1 февруари

Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е распишан Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Крајниот рок за доставување на трудовите за Конкурсот за Годишната награда за 2025 година е 1 февруари 2025 година. Сите заинтересирани млади истражувачи можат да поднесат свој труд, во согласност со условите и критериумите на јавниот повик.Право на учество имаат сите државјани на земјава на возраст до 35 години, кои не с

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Народната банка ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации

Просечната инфлацијата годинава значително ќе забави и од 9,4% минатата година ќе се сведе на 3,5%, а трендот на намалување ќе биде карактеристичен и за следните години, додека економскиот раст постепено ќе забрзува, при претежно стабилна платнобилансна позиција, посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, која ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2024 ‒ 2027 година пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, к

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Усвоен најновиот Квартален извештај со есенските макроекономски проекции на Народната банка

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции пред јавноста, на конференцијата за печатот.Макроекономската слика за македонската економија во овој циклус проекции не е значително променета во споредба со априлските проекции.Во согласност со закрепнувањето на светската економија и

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Средби на Ангеловска-Бежоска со Бериган и Андреоли: Напредува процесот на оценување на земјава за пристапување кон СЕПА

Напредува процесот на оценување на земјава за пристапување во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА). За таа цел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска одржа средби во Брисел со генералниот директор на Директорaтот за финансиска стабилност, финансиски услуги и унија на пазарите на капитал при Европската комисија, Џон Бериган, како и со Џорџо Андреоли, генералниот директор на Европскиот совет за плаќања, институцијата којашто ја носи конечната одлука за членството на зе

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Средба Ангеловска-Бежоска – Петрова: Преку соработка на институциите до зголемена заштита на граѓаните

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка остварија средба со директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова и нејзиниот тим. На средбата беше дискутирано за новиот Единствен регистар на сметки кој се очекува да биде воспоставен согласно одредбите од Законот за платежни услуги и платни системи. Овој регистар ќе содржи податоци и информации за платежни сметки, депозити и сефови, до кои достапност ќе имаат релевантните државни институции во земјата, вклучува

Македонија | пред 1 година

nacevska-1

Вицегувернерката Нацевска: Со Единствениот регистар на сметки ќе изградиме поефикасен платен систем во земјава

„Со очекуваното воспоставување на Единствениот регистар на сметки, пропишан со Законот за платежни услуги и платни системи, покрај тоа што ќе се исполни едно од главните барања од Петтата директива на Европската Унија за борба против перење пари и финансирање на тероризмот, се преземаат и важни чекори за натамошниот развој на платниот систем на земјата и негова интеграција во платежната инфраструктура на Европската Унија. Воспоставувањето на овој регистар е значајно за приклучувањето во Единстве

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ангеловска-Бежоска ‒ Ли: Народната банка спроведе успешни политики за справување со инфлацијата

Народната банка успешно се справи со шоковите во изминатите години, намалувајќи ја инфлацијата, додека силната регулативна рамка и кредибилноста на централната банка придонесоа за задржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата на заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со македонската делегација во чиј состав се гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Емилија Нацевска.Гувернерката Ангеловска-Бежоска посо

Македонија | пред 1 година

AM24-IMF

Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност

Преку одржувањето стабилен курс на денарот за време на инфлациската криза, преземањето одлучни чекори за намалување на инфлацијата и зачувувањето на стабилноста на банкарскиот сектор, Народната банка имаше клучна улога во одржувањето на стабилноста во економијата, придонесувајќи кон попредвидливо окружување за фирмите и поддршка и заштита на домаќинствата. Ова беше посочено на состаноците коишто ги остварија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Емилија Нац

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Соработка на Народната банка со централната банка на Словачка за подобрување на заштитата на потрошувачите на банкарски производи и услуги

Примената на стандардите и регулативите коишто ги применуваат централните банки во Евросистемот во доменот на заштитата на потрошувачите, како и на современите добри практики за унапредување на ефективноста и ефикасноста на процесите во оваа област, е една од заложбите на Народната банка. За таа цел, во изминатите денови беше остварена билатерална соработка на Народната банка на Република Северна Македонија со Народната банка на Словачка, во рамките на втората фаза од Регионалната програма за за

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-10-24-091809

Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен ‒ девизните резерви се зголемени за 40% за пет години

Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму расте и на крајот на септември изнесува 4,4 милијарди евра. Сегашното ниво на девизните резерви е повисоко од пред пандемијата за 40%, или за околу една милијарда евра, што е значителен пораст, особено во години исполнети со шокови невидени досега, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Годишните средби на ММФ и Светската банка, во и

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и СБ

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ќе учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат во текот на оваа седмица во Вашингтон, САД. Во составот на делегацијата на Народната банка е и вицегувернерката Емилија Нацевска. Во рамките на Годишните средби, гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Нацевска ќе одржа

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Соработка на Народната банка со Банката на Португалија во Програмата на ЕУ за зајакнување на системите за известување податоци

Во рамките на Втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки на Западен Балкан, финансирана од ЕУ, започна спроведувањето на билатералната мерка помеѓу Банката на Португалија (БП) и Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ). Главната цел на билатералната мерка е зајакнување на институционалниот капацитет за понатамошен развој на тековниот проект за интегриран систем за известување податоци за банките и штедилниците, за статистички и суперв

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Доновска-Гечева од Народната банка: За одредена категорија граѓани надоместокот за платежната сметка со основни функции изнесува нула денари

Во согласност со Законот за платежни услуги и платни системи, за определена категорија граѓани надоместокот за платежната сметка со основни функции изнесува нула денари, на пример, за студентите и учениците кога користат стипендија, надоместок или друг тип кредит. „Исто така, за корисниците на одредени социјални права: заштита, детски додаток, или, пак, надоместок на штета, за неможност за извршување работа, спреченост на работа и слично“, објаснува Биљана Доновска-Гечева, заменик-директорка на

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-10-15-113636

Средба на гувернерката со генералниот директор на Директоратот за соседство и проширување на ЕК

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Герт Јан Копман, директорот на Директоратот за соседство и проширување и Елена Флорес, заменичката на генералниот директор на Директоратот за економски и финансиски прашања, којашто се одржа во Брисел, Белгија. Тема на средбата беше еден од приоритетите на Планот за раст на Западен Балкан, односно барањето на земјава за членство во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Нашето официјално барање за членство во СЕПА беше поднесено во

Македонија | пред 2 години

obuka-carina-2

Народната банка одржа обука за царинските работници за препознавање фалсификувани пари

Преку постојано зајакнување на капацитетите на институциите, Народната банка го јакне системот за справување со фалсификуваните пари. Имајќи предвид дека јавните службеници, вршејќи ја својата должност, секојдневно доаѓаат во контакт со книжни и ковани пари и се првата бариера во заштитата на интегритетот на парите, нивното обучување за воочување сомнителни примероци, за нивно отстранување и за доставување до Народната банка е суштинско во борбата против фалсификатите. Оттаму, во Народната банка

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Одржана седница на Советот на Народната банка: Усвоен е Кварталниот извештај за ризиците во банкарскиот сектор, задржана е стабилноста и подобрена е солвентноста

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Извештај за ризиците во банкарскиот сектор за второто тримесечје од 2024 година.Во Извештајот се наведува дека во вториот квартал од 2024 година, банките работеа во поповолно домашно макроекономско окружување, во време кога геополитичкиот контекст сѐ уште е нестабилен и создава неизвесност и зголемени ризици за следниот период. Притоа, во овој квартал растот на депозитите на банките беше поумерен, но тој и

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Камер: Народната банка помогна успешно да се намали инфлацијата, благодарение на одлучноста во својата политика

„Намалувањето на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,2 отсто до август 2024 година е клучно достигнување, главно благодарение на одлучноста при зголемувањето на каматните стапки на централната банка. Сепак, иако инфлациските притисоци се намалија, и понатаму има значителни ризици. Поради глобалната несигурност, како и нестабилните цени на енергијата и геополитичките тензии, централната банка мора да биде внимателна и да ги користи сите достапни алатки како што се приспособувањ

Македонија | пред 2 години

angeloska-bezoska

Ангеловска-Бежоска: Поголема застапеност на жените на пазарот на труд за поголема отпорност и раст на економиите

Родовиот јаз во светски рамки и натаму е висок и според Извештајот за глобалниот родов јаз од 2024 година, тој изнесува 32%. Процените говорат дека за да се затвори овој јаз ќе бидат потребни дури 152 години, што е значително повеќе во однос на периодот пред пандемијата. „За да се отстранат препреките и за да се затвори родовиот јаз, потребни се сеопфатни реформи во делот на институционалните, регулаторните, образовните и традиционалните норми, а од суштинско значење е зголемувањето на пристапот

Македонија | пред 2 години

DSC_5820

Заклучоци од меѓународната конференција на Народната банка: Инфлациската криза е успешно надмината

Централните банки во регионот исклучително успешно се справија со шоковите во изминатите години, намалувајќи ја инфлацијата, без притоа економиите да западнат во рецесија или да се наруши финансиската стабилност, како што беше во останатите инфлациски кризи низ историјата. Причината за овој успех е независноста и кредибилноста на централните банки, но и силната регулативна рамка поставена во изминатите години, поради која беше задржана финансиската стабилност. Во поглед на економскиот развој, бе

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Средба на Ангеловска-Бежоска со Ханиг: Заложбите на Народната банка се видливи преку подобрувањето на финансиската вклученост на населението

Со своите напори за унапредување на финансиската вклученост и финансиската едукација, Народната банка успешно придонесува за зголемување на вклученоста на населението во финансиските текови, што е од особено значење за економскиот развој и благосостојбата на граѓаните. Ова беше истакнато на состанокот помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и генералниот директор на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), Алфред Ханиг и нивните тимови, којшто се одржа на маргините на Десеттата меѓународн

Македонија | пред 2 години

bezoska-1

Бежоска реагира за обвинувањата од Трифун Костовски: Ваквото неодговорно однесување поттикнато од лични интереси и приватни побуди, може да внесе немир и да предизвика штета

Во однос на приватно нарачаниот извештај од поранешниот акционер, а воедно и долгогодишен претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард банка, над којашто поради несолвентност во август 2020 година беше отворена стечајна постапка, изразуваме сериозна загриженост за леснотијата со која од различни поединци се изнесуваат неточни информации поврзани со банкарскиот систем и Народната банка. Ваквото неодговорно однесување поттикнато од лични интереси и приватни побуди, може да внесе немир и непотр

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања