Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Ангеловска-Бежоска: Поголема застапеност на жените на пазарот на труд за поголема отпорност и раст на економиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
angeloska-bezoska

Родовиот јаз во светски рамки и натаму е висок и според Извештајот за глобалниот родов јаз од 2024 година, тој изнесува 32%. Процените говорат дека за да се затвори овој јаз ќе бидат потребни дури 152 години, што е значително повеќе во однос на периодот пред пандемијата. „За да се отстранат препреките и за да се затвори родовиот јаз, потребни се сеопфатни реформи во делот на институционалните, регулаторните, образовните и традиционалните норми, а од суштинско значење е зголемувањето на пристапот до финансии за жените и развојот на женското претприемаштво“, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во своето обраќање на женскиот економски форум „Балкан 2024“, во организација на Здружението на жени менаџери „Елит“.

— реклама —

Гувернерката истакна дека со поголемата застапеност на жените на пазарот на труд може да се зголеми отпорноста на економиите. „Во моментов, вклученоста на жените на пазарот на труд во регионот сѐ уште е ниска, односно нивната стапка на активност е 45%, наспроти стапката на активност на мажите од 64%. Намалувањето на овој огромен јаз претставува значајна можност за иден економски раст, којшто според процените на Светската банка би можел да биде повисок дури за 18% во регионот на Западен Балкан“, посочи Ангеловска-Бежоска.

— реклама —

Говорејќи за учеството на жените на извршни позиции во компаниите, гувернерката истакна дека на светско ниво тоа е зголемено за 7,7% во последната половина декада, што сепак е бавно за постигнување рамноправност. Податоците покажуваат дека во 2023 година, на Западен Балкан само околу една третина од високите раководни функции биле извршувани од жени, а слична е состојбата и во нашата држава.

— реклама —

Покрај ова, постојат предизвици и во поглед на развојот на женското претприемаштво. „За жал, и во овој дел е висока родовата нееднаквост, при што жените се јавуваат како сопственички само на мал дел од малите и средните претпријатија. Ако се искористи овој потенцијал од жените претприемачи, додадената вредност во глобалната економија би можела да се зголеми за 5 до 6 трилиони американски долари“, истакна гувернерката.

— реклама —

За да се поттикне женското претприемаштво од особена важност е олеснувањето на пристапот до финансии за жените претприемачи. „Токму поголемата финансиска вклученост на жените претприемачи е основна цел на пилот-проектот со кој раководи Народната банка со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за што неодамна беше потпишан Меморандум за соработка за примената на Кодексот за финансирање на жените претприемачи во нашата земја“, заклучи Ангеловска-Бежоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library02bp3ep9eg67bCCH21y

Народната банка очекува инфлација од 4 проценти во 2026 година

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryrhjhvlqgkrut7h17CNQ

Народната банка доби највисока оценка од европските институции

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfun3fcibjto04zl1Hwb

Вицегувернерот Величковски: Народната банка со унапредена монетарна рамка и активности за поефикасни финансиски пазари

Македонија | пред 3 седмици

media-librarymds7oimmkdlmd5MWTMj

Вицегувернерката Митреска: Народната банка ја зајакнува поддршката за жените во економијата и претприемаштвото

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања