Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со претпандемичниот период

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
angeloska-bezoska

Стабилноста на денарот е загарантирана благодарение на капацитетот и инструментариумот со кој располага Народната банка за одбрана на курсот на домашната валута, со акцент на девизните резерви коишто годинава се околу 40% над нивото од претпандемичниот период. Се очекува натамошно постепено стабилизирање на инфлацијата и следната година. Идната монетарна политика ќе зависи од инфлацијата и од девизниот пазар. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската телевизија.

— реклама —

Како што нагласи гувернерката, и покрај бројните предизвици Народната банка преку своите мерки успеа да ја одржи макроекономската стабилност, како и стабилноста на курсот на домашната валута во однос на еврото. Говорејќи за нивото на девизните резерви, како главен инструмент за одржување на стабилноста на курсот, гувернерката посочи дека тоа е значително повисоко во однос на претпандемичниот период и нагласи дека тоа се должи на постојаниот откуп на девизи од страна на Народната банка на девизниот пазар во изминатите две години, во услови на значително постабилен платен биланс особено трговската сметка, дознаките, како и солидните странски инвестиции.

— реклама —
— реклама —

Во однос на инфлацијата, гувернерката истакна дека по просечната инфлација од 9,4% минатата година, таа во првите десет месеци од оваа година изнесува 3,4% и дека се очекува натамошно постепено забавување и следната година. Сепак, гувернерката посочува и на одредени ризици. „Важно е да се истакне дека цените на примарните производи се под значително влијание на геополитичките случувања, а тој дел сѐ уште е ранлив, постои голема неизвесност и потребно е големо внимание. Дополнителни извори на ризици се секако домашните фактори, особено пазарот на трудот, на кој треба да му обрнеме особено внимание за да не се соочиме со нови бранови на инфлациски движења“, посочува Ангеловска-Бежоска.

— реклама —

Гувернерката нагласува дека поставеноста на монетарната политика и во иднина ќе биде условена од инфлацијата и девизниот пазар. „Доколку се задржат поволните трендови, без остварување на некои поголеми надворешни и домашни шокови, тоа секако ќе остави простор за натамошно олабавување на монетарната политика“, истакнува гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mmf-1

Во јуни пониски камати на кредитите, депозитите останаа стабилни

Македонија | пред 5 дена

narodna-banka-na-rm

Основната каматна стапка останува 4,25 проценти, неизвесноста и натаму е висока

Македонија | пред 1 седмица

mmf-1

Во јуни годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 13,1% на вкупната кредитна поддршка, соопшти Народна банка

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryd7tnf5l355np9w9Mrt3

Гувернерот Славески до студентите практиканти: „Вие сте дел од иднината на централното банкарство“

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања