Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите“, тврди Славески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library4ej5g05e0o6q6bvmDEQ
Фото 4њус принтскрин/Лого Алта банка

Вкупно 180.000 евра се префрлени од АЛТА банка АД Битола кон Србија по 26 октомври, додека приливите од Србија во истиот период изнесуваат околу 16.000 евра. Според гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, станува збор за редовни плаќања на клиентите, а не за милионски трансфери или сомнителни одливи.

— реклама —

Во гостувањето во емисијата „Топ тема“, Славески посочи дека Народната банка ги проверила трансакциите и утврдила дека тие се поврзани со редовното работење на клиентите, меѓу кои и мали домашни бизниси што увезуваат стоки од Србија.

— реклама —
— реклама —

„Нема милионски трансфери, нема такви одливи, ниту податоци за перење пари“, истакна гувернерот, појаснувајќи дека податоците се однесуваат на периодот по 26 октомври, односно по завршувањето на изборите во Србија.

— реклама —

Народната банка продолжува да ја следи состојбата во АЛТА банка АД Битола и да презема активности во рамките на своите законски надлежности, со цел заштита на средствата на клиентите и зачувување на стабилноста на банката и на банкарскиот систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library52t7pfa4rkcueLXpvRg

Комерцијална банка сака да ја преземе „Алта банка“, аукција е закажана на 30 ноември, вели Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

Македонија | пред 3 дена

media-librarylh9n83eane2o4ZccMgW

Народната банка на Србија ја затвора „Алта лизинг“: Одземена дозволата, започнува ликвидација

Балкан | пред 6 дена

media-library52t7pfa4rkcueLXpvRg

Народната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноември

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања