Скопје

(Видео) Има вистина дека Арсовска се користи за дестабилизација пред изборите, многу скоро јавноста ќе дознае други детали, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази жалење поради информациите дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, добива закани по живот, повикувајќи ја веднаш да ги пријави заканите во Министерството за внатрешни работи.

„Навистина жалам ако се случува тоа. Ја охрабрувам веднаш да појде во МВР, а МВР да испита кој стои зад заканите и веднаш да постапи“, изјави Мицкоски, коментирајќи ги тврдењата на Арсовска дека заканите се поврзани со нејзините објави за дивоградбите во Општина Чаир.

Тој даде коментар и за изјавата на Изет Меџити, кој рече дека Данела Арсовска се користи како средство за дестабилизација пред изборите.

„Има вистина тука, има вистина. И тоа впрочен е јасено на сите. Но, еве, јас не би имал повеќе од тоа што го кажува Меџити и Ганиу. Многу скоро јавноста ќе дознае други детали“, додаде Мицкоски.

На почеток