🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n-1

Денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе одржи седница.

— реклама —

По излегувањето на Алијансата на Албанците на Таравари и прелетот на двајца пратеници во ВРЕДИ тие останаа без пратеничка група. Па така, денеска ќе се разгледуваат повеќе предлог одлуки за изменување на одлуки за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието. Измени се предвидени во составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, во Националниот совет за евроинтеграции, во Комитетот за односи меѓу заедниците, во Советот на Собранискиот канал и во Буџетскиот совет на Собранието.

Комисијата треба да изгласа и Предлог - одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави. Предвидени се измени во Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), во Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК) и во Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

— реклама —

На дневен ред е и барање за остварување на плата по престанок на функцијата член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавните набавки, како и разгледување барање за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешна пратеничка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања