Македонија

Пеколно топло, ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

Температурите растат и нема најава за заладување.

Институтот за јавно здравје објави низа препораки за заштита на населението од потенцијално опасните ефекти на топлотните бранови. Апелот е насочен кон сите граѓани, со особен фокус на најранливите категории – постари лица над 60 години, деца, бремени жени, хронично болни, лица со прекумерна тежина, оние со ментални нарушувања и граѓани кои се подложени на специфични терапии.

ИЈЗ предупредува дека ризикот од здравствени компликации е најголем кај оние кои работат или престојуваат на отворено во текот на најжешките делови од денот.

Ова се препораките од ИЈЗ:

-Избегнувајте престој на сонце од 11 до 17 часот.
-Облечете лесна, широка облека во светли бои; носете капа со широк обод и очила за сонце.
-Престојувајте во климатизирани простории, кога е можно.
-Ако морате да бидете надвор, одмарајте често во сенка и избегнувајте директна изложеност на сонце.
-Пијте доволно течности – вода пред сè – и не чекајте да се појави жед.
-Никогаш не оставајте луѓе или животни во паркирани возила, дури ни за кратко.
-Туширајте се со млака вода или ставете ладни облоги на телото.
-Лицата со хронични болести строго да ги следат препораките и редовно да ја земаат терапијата, по консултација со матичен лекар.

Институтот предупредува: ако некое лице покажува знаци на топлотен удар – како што се топла и сува кожа, болки во стомакот или губење на свест, веднаш да се повика итна медицинска помош на броевите 194 или 112.

На почеток