Македонија

(Видео) „Личните навреди на протестот во Кочани кон политичари се од политички структури со традиција на некрофили“, вели владината портпаролка

Родителите и роднините на трагично загинатите во дискотеката ,, Пулс” во Кочани, секоја сабота на ,,Марш на ангелите“ го идкажуваат својот револт од истрагата и бараат правда.

Тие застануваат и протестираат пред општината, судот, полицијата и обвинителството. Вчера, родителот на загинатиот тапанар на групата ДНК, револтирано ги навредуваше и побара оставки од премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

,,Можам да кажам дека во целост ја разбираме како Влада нивната болка, тоа неколку пати досега сме го кажале. Но, од друга страна морам да кажам, со жалење, дека беа слушнати лични напади кои што пак политички структури имаат за цел да ги искористат во некоја политичка позадина. Навистина жалам што некои политички структури имаат традиција на некрофили“, кажа портпаролката Марија Митева на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за барањата за оставки.

На почеток