Македонија

(Видео) Гледаме како граѓанско движење за поддршка на Кочани преминува во политичко движење, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски обвини дека во Кочани, граѓанското движење за поддршка на градот, преминува во политичко движење.

„Од поддршка на ужасните жртви од ужасниот хорор во Кочани, говорат за катни гаражи, водоводи, канализации, исполнети и неисполнети ветувања и се така по ред, во духот на локалните избори“, рече Мицкоски.

Претходно, владината портпаролка Марија Митева, рече дека личните навреди на протестот во Кочани кон политичари од власта се од политички структури.

(Видео) „Личните навреди на протестот во Кочани кон политичари се од политички структури со традиција на некрофили“, вели владината портпаролка

На почеток