🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Уапсен бизнисменот Крмзов, кого го поврзуваа со Заеви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-06-09-at-09.46.50

Рано утринава, полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов. Апсењето било по најлог на јавен обвинител, а откако за него беше отворена истрага при која пред неколку месеци беа направени претреси и беше одземена документација. Последните информации од премиерот Христијан Мицкоски, кажани на новинарски брифинг, беа дека Крмзов направил злоупотреби тешки 15 милиони евра, а шемата допира до политичари.

— реклама —

Еуростандард банка, ископ на јаглен во РЕК Битола, случајот „Синџир“, шверц на брендирана гардероба, поврат на ДДВ... Ова се дел од случаите со кои изминативе години, медиуми и тогашната опозиција – ВМРО-ДПМНЕ – директно или индиректно го поврзуваа струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов.

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ обвинуваа дека Крмзов е близок до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев, а неговиот хотел „Вила Парк“ во Струмица го нарекуваа „омиленото место на фамилијата Заеви за собирање рекет“.

— реклама —

Во емисијата „Код“, Крмзов изјави дека неговите проблеми започнале на самиот крај на минатата 2023 година, кога Управата за јавни приходи започнала да спроведува контроли во негови компании. Меѓутоа, контролите постојано се одложувале и инспекторите не доаѓале во контрола, со цел, според него, државата да има изговор да не ги префрлува парите. Инаку, тогаш директорка на УЈП беше Сања Лукаревска, актуелна пратеничка на СДСМ.

„Работам 31 година, овој бизнис го работам од 1993 година. Ова го прават од повеќе причини. Едноставно им сметам и во транспорт и во градежништво и во се. Цела таа акција започна за време на СДСМ, се е на локално ниво. Одредени локални моќници кои мислат дека државата е нивна и можат да прават што сакаат, оркестрираат лажни и инфилтрирани податоци до министри, премиери, служби, за јас да бидам криминалец. Океј, има институции, ќе се провери дали е така или не“, рече тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања