Свет

(Видео) Пукање во училиште во Австрија, има загинати, повредени се носат по болници

Над десет жртви има по пукање во австрискиот град Грац. Според првичните информации, вооружен човек влегол во средно училиште и отворил оган. Од снимките кои веќе се шират на социјалнтие мрежи може да се види дека тешко повредените со хеликоптер се пренесуваат низ болниците.

Истовремено, полицијата го заштити целиот периметар околу училиштето. Притоа, објавена е и снимка од училница, а на која се слушаат пукотници.

Порталот ORF, исто така, јавува дека се верува дека осомничениот напаѓач извршил самоубиство.

Според полицијата, акцијата започнала околу 10 часот наутро. Зградата, според објавите на медиумите, моментално темелно се претресува.

Сите медиуми напоменуваат дека ова се првични информации и неофицијални. Повеќе подоцна.

На почеток