Промени тема
Контакт

АВСТРИЈА

media-librarymue570v3hpfucjYGf3f

Австриски компании бараат нови можности за соработка во транспортот и енергетиката во Македонија

Можности за нови деловни партнерства и реализација на инфраструктурни проекти биле тема на дводневната деловна мисија на австриски компании во Скопје, која се одржа на 15 и 16 септември во организација на Трговското одделение при Амбасадата на Австрија.Во мисијата учествувале десет австриски компании, кои оствариле средби со македонски компании, институции и претставници на политичкиот и деловниот сектор. Целта била да се разгледаат можностите за конкретна соработка, но и за воспоставување долго

Македонија | пред 3 дена

avstrija

Гугл гради гигантски центар за податоци во Австрија: ќе троши струја колку 900.000 домаќинства

Гугл го гради својот прв центар за податоци во Австрија, огромен комплекс во Кронсторф, Горна Австрија, кој треба да почне со работа во 2027 година. Проектот треба да одговори на сè поголемата побарувачка за услугите на компанијата поврзани со вештачката интелигенција, облачните технологии и другите дигитални сервиси.Но, покрај технолошкото и економското значење, центарот привлече внимание поради огромните количества електрична енергија што ќе му бидат потребни.Во првата фаза центарот ќе има при

Свет | пред 1 седмица

media-library642oh9pbr4ggak95s08

40-годишна жена пронајдена мртва во домот, сопругот осомничен за сексуално насилство со смртен исход

Австриските власти водат истрага за смртта на 40-годишна жена која, според обвинителството, починала од повреди што наводно биле последица на сексуално насилство. Се проверува и можноста во злоставувањето да учествувале и други мажи, а случајот во австриските медиуми веќе е спореден со познатиот случај на Французинката Жизел Пелико.Жената, чиј идентитет не е објавен, била во состојба на „исклучителна омалаксаност и поради тоа беспомошна“, кога наводно била сексуално злоупотребена од нејзиниот со

Свет | пред 1 седмица

media-libraryj9uo6npsmpqb9acoSHF

Забранет хиџабот за девојчиња под 14 години во училиштата во Австрија

Новата учебна година во Австрија започна со примена на закон со кој на девојчињата помлади од 14 години им се забранува носење верски марами во училиштата. Мерката важи и за државните и за приватните училишта низ целата земја и првенствено се однесува на муслиманските покривала за глава, како хиџабот.Министерката за интеграција Клаудија Бауер од конзервативната Народна партија (ÖVP) оцени дека марамите се „знак на потчинетост и средство за контрола на девојчињата уште од најрана возраст“.Поддржу

Свет | пред 1 седмица

zmija-1

Четиригодишно дете од Австрија каснато од отровна змија на летување во Хрватска

Четиригодишно момче од Австрија било каснато од поскок во петокот во камп во Истра, по што било пренесено во болница во Риека и сместено на одделението за детска интензивна нега.Момчето било на летување во Хрватска со своето семејство, а според пишувањата на австриските медиуми, до инцидентот дошло додека си играло во природа. Детето поместило помал камен, најверојатно изненадувајќи ја змијата што се наоѓала под него, по што поскокот го каснал.На детето веднаш му била пружена медицинска помош, п

Балкан | пред 3 седмици

media-libraryet57rf3da6ob5nOtj57

Силно невреме ја погоди Австрија и Франција: Поплави, паднати дрвја, оштетени куќи и откажани летови

Силно невреме со обилни врнежи и урагански налети на ветер предизвика сериозни проблеми во делови од Австрија, а последиците се почувствуваа и во Виена. Најтешко беше погодена Долна Австрија, каде што за само кратко време беа поплавени улици и подруми, а ветерот корнеше дрвја и предизвикуваше материјална штета.Во областа Брук ан дер Лајта состојбата била особено тешка. Противпожарната служба до утрово примила околу 400 повици за помош, главно поради поплавени објекти, паднати дрвја и други после

Свет | пред 4 седмици

media-libraryf04ibqiqk259bCmcFiy

Европа под нов топлотен бран: Австрија измери рекордни 41,2 степени

Новиот топлотен бран што ја зафати Европа донесе рекордни температури во Австрија, додека сушата предизвикува сериозни проблеми во повеќе земји од Централна и Јужна Европа.Во австрискиот град Бад Дојч-Алтенбург, во близина на границата со Словачка, денеска се измерени рекордни 41,2 степени Целзиусови, што е највисока температура досега регистрирана во земјата. Со тоа беше надминат рекордот од 41 степен, поставен само еден ден претходно во Виена.Во меѓувреме, во Унгарија властите ги повикаа граѓа

Свет | пред 1 месец

media-library7eb6tjv5qen8eeDBwUQ

Австрија собори температурен рекорд: Во Виена измерени 41 степен

Австрија денеска ја забележа највисоката температура откако се вршат метеоролошки мерења, откако во виенската населба Штамерсдорф беа измерени 41 степен Целзиусов.Според австриската јавна радиотелевизија ОРФ, која се повикува на податоците од државната метеоролошка служба „ГеоСфера Австрија“, станува збор за нов температурен рекорд во земјата.Метеоролозите предупредуваат дека топлотниот бран ќе го достигне својот врв денеска и утре, а не се исклучува можноста температурата во текот на утрешниот

Свет | пред 1 месец

avtopat-koli-3

Австрија ги зголемува казните за сообраќајни прекршоци: Возењето по лентата за запирање ќе чини 200 евра

Возачите кои ќе сообраќаат низ Австрија од 1 јануари 2027 година ќе се соочат со значително повисоки казни за сообраќајни прекршоци, откако австриското Министерство за сообраќај објави нов каталог на казни.Според новите правила, казните во просек ќе бидат повисоки за околу 50 проценти, а целта е да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се усогласат санкциите во сите сојузни покраини.Една од највисоките казни е предвидена за возење по лентата за запирање на автопат, за што прекршителите ќе п

Свет | пред 1 месец

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Австрија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ноќеска во 1:59 часот ја погоди Австрија, со епицентар во подрачјето на Земеринг.Според австриската геолошка служба Geosphere Austria, епицентарот бил на длабочина од четири километри, а потресот бил почувствуван во источниот дел на Долна Австрија и Штаерска, како и во Виена. Надлежните служби примиле голем број пријави од граѓани.Земјотресот предизвикал помала материјална штета, а на патот меѓу Шотвиен и Брајтенштајн дошло до одрони на

Свет | пред 1 месец

media-libraryl2cjhu2abgan3LSb4yy

Обилни дождови предизвикаа одрони во Австрија: Евакуирани околу 200 луѓе

Околу 200 лица кои останале отсечени во планинската долина Каунертал во австриската покраина Тирол биле евакуирани откако обилните врнежи од дожд предизвикале неколку одрони од кал и камења.Австриската армија ангажирала два хеликоптера за евакуација на излетниците од живописната долина, која се наоѓа во близина на границата со Италија.Според локалните власти, по силните дождови што го зафатија регионот во неделата, три одрони се урнале врз главниот пристапен пат, целосно блокирајќи го со кал, ка

Свет | пред 2 месеци

media-library642oh9pbr4ggak95s08

Наставничка убиена во училиште во Австрија: Колега ја застрелал поради невозвратена љубов

Австриската полиција откри нови детали за убиството на 28-годишна наставничка во местото Тауфкирхен ан дер Прам, при што истрагата покажала дека мотивот бил љубомора и невозвратена љубов.Првично се претпоставувало дека жртвата и напаѓачот биле во љубовна врска, но истражителите сега утврдиле дека 29-годишниот колега не бил во врска со наставничката.Според обвинителството, повод за злосторството било тоа што младата жена неодамна започнала нова емотивна врска.Убиството се случило во училишната би

Свет | пред 3 месеци

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Загина брачен пар од Србија откако товарен воз удри во нивниот автомобил, а 2-годишната ќерка преживеа

Тешка сообраќајна несреќа ја потресе Австрија, откако товарен воз удрил во автомобил на железнички премин во Долна Австрија, при што загинале двајца државјани на Србија, а нивната двегодишна ќерка преживеала.Трагедијата се случила во сабота попладне во областа Валдвиртел, во близина на местото Аленштајг. Според првичните информации, автомобилот во кој се наоѓало тричленото семејство бил удрен од товарен воз на железнички премин обезбеден со светлосна сигнализација.Во несреќата животот го загубил

Свет | пред 3 месеци

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Момче од Македонија пронајдено мртво во езеро во Австрија

Дваесет и тригодишен жител на тетовското село Сараќино е пронајден мртов во езерото Факер во Австрија, откако неколку дена се водел како исчезнат.Според австриските медиуми, младиот човек, кој живеел во местото Фаак ам Зе и бил сопственик на кафе-бар, последен пат бил виден во понеделник попладне во Дроболах. Неговото семејство истиот ден пријавило исчезнување во полицијата.Во четвртокот вечерта била организирана обемна потрага по исчезнатиот, откако на брегот на езерото биле пронајдени негови л

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар замина во Австрија, обидувајќи се да ги поправи односите по Орбан

Петер Маѓар денеска ја посети Австрија во рамките на својата прва регионална турнеја по преземањето на функцијата на 9 мај, со цел да ги подобри односите меѓу двете соседни земји.Маѓар во Виена беше пречекан од австрискиот канцелар Кристијан Штокер, а двајцата лидери изразија желба за нов импулс во традиционално блиските односи меѓу Австрија и Унгарија.Унгарскиот премиер предложи во септември да се одржи заедничка владина седница во Унгарија, што, според него, би испратило силна порака за новата

Свет | пред 3 месеци

media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

Американски воени авиони без дозвола влегле во австрискиот воздушен простор

Австриското воено воздухопловство два дена по ред ги активирало своите борбени авиони „Еврофајтер“ поради американски воени летала што без дозвола влегле во воздушниот простор на неутрална Австрија.За инцидентите, кои се случиле во неделата и понеделникот, информираше портпаролот на австриската војска, Михаел Бауер.Според информациите, во неделата два авиони од типот PC-12, што американското воено воздухопловство ги користи под ознаката U-28A, летале над Горна Австрија без потребни дозволи за пр

Свет | пред 4 месеци

avstrija

Австрија протера тројца руски дипломати поради наводна шпионажа

Австриските власти протераа тројца руски дипломати поради наводна шпионажа, потврди Министерството за надворешни работи на Австрија.Според наводите на австриските власти, споменатите службеници се осомничени дека спроведувале разузнавачки активности користејќи сателитска опрема поставена на покривите на руските дипломатски згради во Виена, пренесува бриселскиот портал Politico.Во средината на април, рускиот амбасадор во Виена, Андреј Јурјевич Грозов, бил повикан на разговор во австриското Минист

Свет | пред 4 месеци

media-librarymf97nsu8or4d2FigFpG

Пет деца повредени во Австрија: експлодирала муниција од Втората светска војна под логорски оган

Пет деца на возраст од 10 до 14 години се повредени во северниот дел на Австрија откако неексплодирана муниција од Втората светска војна се активирала под нивниот логорски оган, соопшти денеска полицијата.Децата пристигнале од друго село во истата покраина Горна Австрија, а засега не е познат степенот на нивните повреди, пренесува Ројтерс. Несреќата се случила во населбата Санкт Освалд кај Фрајштад, каде група млади кампувале на отворено.Портпарол на покраинската полиција изјавил дека по инциден

Свет | пред 4 месеци

media-library5pvi82ku0kc26j8OcGX

Австрија ја потврди поддршката за европскиот пат на Македонија

Во рамки на работната посета на Виена, Австрија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари средба со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудија Бауер. На средбата стана збор за актуелните состојби и приоритети поврзани со европската агенда на државата, при што министерот Муцунски информираше за напредокот во спроведувањето на Плано

Македонија | пред 4 месеци

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски од Виена упати повик до македонската дијаспора да размисли за враќање во земјата, инвестирање и активно вклучување во нејзиниот развој.На средбата со иселениците, како што соопшти, се разговарало за предизвиците, но и за можностите што ги има државата, при што бил потенциран значајот на дијаспората како „нераскинлив дел од Македонија“.Мицкоски ја истакна и потребата од продлабочување на односите со Австрија, нагласувајќи дека блискоста меѓу двете земји треба да се пр

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryeolvt9a4s226eMRSKJm

Тешка несреќа во Австрија: тролејбус влета во супермаркет

Во градот Салцбург се случила тешка сообраќајна несреќа кога тролејбус излетал од коловозот и удрил во супермаркет.Според последните информации, едно лице загинало и покрај обидите за реанимација, додека седуммина се повредени и пренесени во болница. Две од повредените лица се во тешка состојба.Несреќата се случила на раскрсница во северниот дел на градот, а засега не се објавени детали за идентитетот на жртвата ниту точните околности под кои дошло до инцидентот.На терен интервенирале бројни слу

Свет | пред 5 месеци

media-libraryibu2295fquuqcx1pPHh

Аларм во Австрија: Отров за глувци пронајден во бебешка храна

Во Австрија е потврден случај на бебешка храна во која е пронајден отров за глувци, по што полицијата издаде итно предупредување до граѓаните и започна широка истрага, пишуваат тамошните медиуми меѓу кои „Heute“. Станува збор за тегла од бебешка храна „морков со компир“ од 190 грама, која била пријавена од купувач во покраината Бургенланд. Производот, за среќа, не бил консумиран, а лабораториските анализи потврдиле присуство на токсична материја.Случајот е поврзан со поширока истрага за уцена на

Свет | пред 5 месеци

avstrija

Австрија ги одби сите американски барања за воени прелети, повикувајќи се на неутралност

Австриската влада од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток ги одбила сите барања на Соединетите Американски Држави за воени прелети над австриска територија, повикувајќи се на државната политика на неутралност, соопшти портпарол на австриското Министерство за одбрана.Портпаролот, полковник Михаел Бауер, изјавил дека за секој прелет мора да се поднесе формално барање и дека, кога станува збор за држава што е во војна, ваквите барања се одбиваат. Тој појаснил дека одлуките се носат во координа

Свет | пред 5 месеци

aplikacii-telefon

Австрија подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 14 години: „Алгоритмите создаваат зависност“

Австриската влада најави дека подготвува законско решение со кое би се забранило користење социјални мрежи за деца помлади од 14 години, со цел да се намалат ризиците од содржини што можат да им наштетат и од механизми што поттикнуваат зависност.Според најавата, претставници на трите владејачки партии постигнале начелен договор за мерката, но во оваа фаза не е прецизирано кога евентуалната забрана би стапила во сила, ниту на кој начин би се спроведувала во пракса.Вицеканцеларот Андреас Баблер по

Свет | пред 5 месеци

noz-ubistvo-napad

Хрват во Линц со нож уби Авганистанец и рани друг по расправија на улица

Австриската полиција во Линц уапси 34-годишен хрватски државјанин осомничен дека со нож усмртил еден и тешко повредил друг авганистански државјанин.Според информациите на австриската агенција APA, нападот се случил во саботата навечер во центарот на градот. Осомничениот најпрво ранил еден Авганистанец, а потоа нападнал и втор, кој подоцна починал во болница од здобиените повреди.Полицијата соопшти дека на нападот му претходела вербална расправија меѓу осомничениот и тројца Авганистанци. По кавга

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања