Промени тема
Контакт

Австрија протера тројца руски дипломати поради наводна шпионажа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
avstrija

Австриските власти протераа тројца руски дипломати поради наводна шпионажа, потврди Министерството за надворешни работи на Австрија.

Според наводите на австриските власти, споменатите службеници се осомничени дека спроведувале разузнавачки активности користејќи сателитска опрема поставена на покривите на руските дипломатски згради во Виена, пренесува бриселскиот портал Politico.

Во средината на април, рускиот амбасадор во Виена, Андреј Јурјевич Грозов, бил повикан на разговор во австриското Министерство за надворешни работи и било побарано на тие службеници да им се укине дипломатскиот имунитет.

— реклама —

Откако Москва не го прифатила тоа, Виена донела одлука за протерување на тројцата дипломати, кои во меѓувреме ја напуштиле земјата, наведуваат локалните австриски медиуми.

— реклама —

Министерката за надворешни работи на Австрија, Беате Мајнл-Рајзингер, изјави за Politico дека „шпионажата е безбедносно прашање за Австрија“ и дека владата го променила пристапот и презема доследни мерки против таквите активности.

Таа оцени дека е неприфатливо дипломатскиот имунитет да се користи за шпионски операции, истакнувајќи дека Австрија ќе ги заостри кривичните одредби поврзани со шпионажа.

— реклама —

Од почетокот на војната во Украина, Австрија одзеде дипломатски статус како мерка против 14 руски службеници поради активности неспоиви со нивните функции, додека околу 220 вработени и натаму работат во руските дипломатски мисии во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymue570v3hpfucjYGf3f

Австриски компании бараат нови можности за соработка во транспортот и енергетиката во Македонија

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
avstrija

Гугл гради гигантски центар за податоци во Австрија: ќе троши струја колку 900.000 домаќинства

Свет | пред 1 седмица

media-library642oh9pbr4ggak95s08

40-годишна жена пронајдена мртва во домот, сопругот осомничен за сексуално насилство со смртен исход

Свет | пред 1 седмица

media-libraryj9uo6npsmpqb9acoSHF

Забранет хиџабот за девојчиња под 14 години во училиштата во Австрија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања