Промени тема
Контакт

Австриски компании бараат нови можности за соработка во транспортот и енергетиката во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarymue570v3hpfucjYGf3f

Можности за нови деловни партнерства и реализација на инфраструктурни проекти биле тема на дводневната деловна мисија на австриски компании во Скопје, која се одржа на 15 и 16 септември во организација на Трговското одделение при Амбасадата на Австрија.

Во мисијата учествувале десет австриски компании, кои оствариле средби со македонски компании, институции и претставници на политичкиот и деловниот сектор. Целта била да се разгледаат можностите за конкретна соработка, но и за воспоставување долгорочни деловни партнерства.

Компаниите од Австрија ја претставиле својата експертиза во повеќе области, меѓу кои производство на енергија, железничка и транспортна инфраструктура, инженерство, градежно советување, паметни технологии и одржлива мобилност.

— реклама —

На средбите се разговарало за можностите австриското техничко знаење и искуство да се поврзат со капацитетите на македонските компании и потребите за развој на инфраструктурата во земјата.

Во рамки на мисијата во Скопје била одржана и австриско-македонска деловна тркалезна маса. На неа учествувале заменик-премиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски и заменик-директорот на претпријатието за железничка инфраструктура Шериф Абдулахи.

— реклама —

Според организаторите, разговорите покажале можност за продлабочување на соработката во развојот на современи, безбедни и одржливи инфраструктурни решенија.

— реклама —

Од Трговското одделение при Амбасадата на Австрија оценуваат дека австриската технологија и искуството во реализација на инфраструктурни проекти може да се поврзат со познавањето на локалниот пазар и капацитетите на македонските компании.

Деловната мисија овозможила воспоставување нови контакти и зајакнување на постојните деловни односи, со очекување тие во иднина да резултираат со конкретни проекти во транспортот, енергетиката и одржливата инфраструктура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

avstrija

Гугл гради гигантски центар за податоци во Австрија: ќе троши струја колку 900.000 домаќинства

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library642oh9pbr4ggak95s08

40-годишна жена пронајдена мртва во домот, сопругот осомничен за сексуално насилство со смртен исход

Свет | пред 6 дена

media-libraryj9uo6npsmpqb9acoSHF

Забранет хиџабот за девојчиња под 14 години во училиштата во Австрија

Свет | пред 1 седмица

zmija-1

Четиригодишно дете од Австрија каснато од отровна змија на летување во Хрватска

Балкан | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања