Промени тема
Контакт

Австрија ги зголемува казните за сообраќајни прекршоци: Возењето по лентата за запирање ќе чини 200 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
avtopat-koli-3

Возачите кои ќе сообраќаат низ Австрија од 1 јануари 2027 година ќе се соочат со значително повисоки казни за сообраќајни прекршоци, откако австриското Министерство за сообраќај објави нов каталог на казни.

Според новите правила, казните во просек ќе бидат повисоки за околу 50 проценти, а целта е да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се усогласат санкциите во сите сојузни покраини.

Една од највисоките казни е предвидена за возење по лентата за запирање на автопат, за што прекршителите ќе плаќаат 200 евра.

— реклама —

Возење во левата сообраќајна лента без потреба, односно непочитување на правилото да се користи десната лента, ќе се казнува со 100 евра, додека претекнување од десната страна ќе чини 115 евра.

Повисоки казни се предвидени и за други прекршоци. Паркирање на места каде што е забрането запирање или паркирање, како и непоставување паркинг-диск во зоните каде што е задолжителен, ќе се казнуваат со по 60 евра. Влегување во раскрсница на жолто светло и непочитување на знакот „Стоп“ ќе чинат по 70 евра.

— реклама —

За пречекорување на дозволената брзина во населено место до 30 километри на час се предвидени казни од 50 до 120 евра, додека опасно претекнување, на пример пред пешачки премин, ќе се казнува со 140 евра.

— реклама —

Австриските власти посочуваат дека измените не се воведуваат за зголемување на приходите, туку за подобрување на безбедноста во сообраќајот и воспоставување единствени стандарди во целата земја.

Со оглед на тоа што Австрија е една од најчестите транзитни и туристички дестинации за граѓаните од Македонија, особено во периодот на зимските одмори, возачите кои патуваат низ земјата треба навреме да се информираат за новите правила и висината на казните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymue570v3hpfucjYGf3f

Австриски компании бараат нови можности за соработка во транспортот и енергетиката во Македонија

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
avstrija

Гугл гради гигантски центар за податоци во Австрија: ќе троши струја колку 900.000 домаќинства

Свет | пред 1 седмица

media-library642oh9pbr4ggak95s08

40-годишна жена пронајдена мртва во домот, сопругот осомничен за сексуално насилство со смртен исход

Свет | пред 1 седмица

media-libraryj9uo6npsmpqb9acoSHF

Забранет хиџабот за девојчиња под 14 години во училиштата во Австрија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања