Промени тема
Контакт

Обилни дождови предизвикаа одрони во Австрија: Евакуирани околу 200 луѓе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryl2cjhu2abgan3LSb4yy
unsplash / Илустрација

Околу 200 лица кои останале отсечени во планинската долина Каунертал во австриската покраина Тирол биле евакуирани откако обилните врнежи од дожд предизвикале неколку одрони од кал и камења.

— реклама —

Австриската армија ангажирала два хеликоптера за евакуација на излетниците од живописната долина, која се наоѓа во близина на границата со Италија.

Според локалните власти, по силните дождови што го зафатија регионот во неделата, три одрони се урнале врз главниот пристапен пат, целосно блокирајќи го со кал, камења и земја.

— реклама —

Поради прекинот на патната комуникација, околу 200 лица кои биле на еднодневен излет не можеле да го напуштат подрачјето и биле принудени да преноќат во планинарски дом и во планински ресторан.

— реклама —

Од здравствени причини, десетина лица биле евакуирани со хеликоптер уште во неделата, изјави Елмар Рицоли од кризниот штаб на Тирол за агенцијата ДПА.

Тој посочи дека во одроните нема повредени лица.

Државниот метеоролошки завод „Геосфера Австрија“ предупреди дека и во наредните денови постои опасност од нови грмежливи невремиња во Тирол, како и можност за дополнителни одрони, локални поплави и нарушувања во патниот и железничкиот сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymue570v3hpfucjYGf3f

Австриски компании бараат нови можности за соработка во транспортот и енергетиката во Македонија

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
avstrija

Гугл гради гигантски центар за податоци во Австрија: ќе троши струја колку 900.000 домаќинства

Свет | пред 3 седмици

media-library642oh9pbr4ggak95s08

40-годишна жена пронајдена мртва во домот, сопругот осомничен за сексуално насилство со смртен исход

Свет | пред 1 месец

media-libraryj9uo6npsmpqb9acoSHF

Забранет хиџабот за девојчиња под 14 години во училиштата во Австрија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања